Од денеска поскапа струја за 7,4% – почнува и примената на блок тарифите

Од денеска плаќаме поскапа струја, во просек за 7,4%. Истовремено почнува и примената на блок тарифите. Претходното поскапување беше маскирано со укинувањето на дневната евтина тарифа, а ова со компликуван модел кој ретко кој го разбира. Едно е сигурно, сметките ќе бидат поголеми, а ако се земат предвид сигналите од малите и средни претпријатија кои ќе плаќаат и неколку кратно повисока цена, ќе следува нов бран поскапувања и на сите производи.

Од денеска ќе плаќаме поскапа струја за 7,4%. Стартува и новата пресметка според четирите тарифи според кои ќе се пресметува колку ќе не чини потрошениот киловат. Ова е новиот рецепт на власта кој се воведува со новото поскапување. Слично сценарио како претходното, кога се укина дневната евтина тарифа. Надлежните тврдат дека со новиот начин на пресметка оние кои ќе трошат помалку ќе треба да заштедат. Нокомплицираниот систем ги буни граѓаните, а отвора и повеќе други дилеми. Експертите предупредуваат дека новиот тарифник е конфузен и тешко разбирлив. Бараат од надлежните засилено да го презентираат моделот и да им објаснат на граѓаните како тој ќе функционира.

  • Народот не знае. Стварно Регулаторната комисија за енергетика треба да направи малку поедноставен начин на функционирање. Знаеме дека од денеска се применува нов систем за пресметка на потрошената електрична енергија за кој се пресметуваат нови цени, што на домаќинствата ќе им донесе зголемени сметки за струја. Пресметката на скапа и евтина тарифа, која се користеше досега, се заменува со воведување на четири блок тарифи во скапа струја, секоја со различна цена, но сепак мора да биде поедноставно, мора да го сфатат сите, вели за Алфа универзитетскиот професор Ристо Цицонков.

Една од клучните дилеми е читањето на броилата на граѓаните. Регулаторот остава простор тоа да се прави и во временски интервал подолг од 30 денови. Обврската е на универзалниот снабдувач кој ќе треба детално и прецизно да контролира за да нема дополнителни шокови за граѓаните кои и онака ќе бидат под притисок да штедат и да внимаваат што и кога вклучуваат.

  • Не е тоа тоа. Граѓаните мора и практично да се запознаат како сетоа тоа функционира. Да појаснам, за да не се дојде до заблуда, мора почесто преку јавни настапи да им се објасни на граѓаните начинот на функционирање на новиот тарифник, кој сега има многу нејаснотии, вели за Алфа универзитетскиот професор Ристо Цицонков.

за да не се дојде до заблуда, мора почесто преку јавни настапи да им се објасни на граѓаните начинот на функционирање на новиот тарифник. професорот Ристо Цицонков

Пресметките покажуваат дека сметките за струја на едно просечно домаќинство кое штеди ќе се зголемат за околу 400 денари. За оние кои целосно ќе влезат во првиот блок до 210 киловаччасови, сметките ќе им бидат поголеми за 7%, а оние кои потрошиле 1.100 киловати во скапа тарифа, ќе плаќаат за 17% поскапо. 

Експертсдката јавност веќе предупреди дека ударот врз стандардот ќе биде многу повисок од процентот кој надлежните го прикажуваат. На тоа укажува и фактот што државата на некој начин ќе ги покрива трошоците за енергетските компании со пшари од буџетот, кој пак се полни од џебот на сите во државата. Драматичен удар ќе има и врз стопанството кое ќе се соочи со тројно, ако не и поголемо поскапување на трошоците по овој основ, што во услови на криза за голем дел мали и средни бизниси може да значи и клуч на врата.

Со новата методологија, поскапува и евтината тарифа и тоа за 8,69%. Цената во првиот блок е поголема за 5,5%, во вториот блок е повисока за 10,3%, во третиот за 18,3%, а во 4-тиот за дури 138,7%. Новиот скок на цената на струјата е уште едно во низата поскапувања кои треба да ги издржат граѓаните.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста