Од војничка униформа на УЧК и ОНА во одело и кравата: „Недопирливата“ ДУИ- 20 години на власт никој ништо не му може на Ахмети

20 години единствени недоперливи. Од војничка униформа во одело и кравата. Али Ахмети досега дочека четири нови претседетали и дури осум нови премиери, а ќе го добие и деветтиот, бидејќи договорено е во последните 100 дена од оваа Влада тој да биде Албанец и избор на ДУИ.

Се менуваа сите, константа останаa единствено интегративците, партија која се формираше на само три месеци пред парламентарните избори во 2002 година, а освои дури 70 проценти од гласовите кај албанскиот електорат, по што коалицираше со СДСМ тогаш предводена од Бранко Црвенковски.

Тогаш, но и сега, 20 години подоцна за фунционерите на ДУИ како да не важи законот, единствени се за кои во текот на минативе 20 години речиси и да немаше никаква кривична пријава, а да не говориме за одговорност. Еден ретките кои доби пресуда и тоа само условна беше сегашниот прв вицепремиер Артан Груби, кој беше еден од организаторите на инцидентите на скопското Кале во 2011 година. Тогаш младиот активист на ДУИ Груби, важеше за организатор на овој голем мултиетнички инцидент.

Пресуди на 3 и пол годишни казни затвор, кои подоцна сепак Апелација ги укина добија уште двајца функционери на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, во случајот Титаник 3, за уништување на изборен материјал. Во кулоарите често се говори дека ниту еден обвинител не смее да влезе во министерствата и општините предводени од интегративците.

Покрај ова, во дводецениското владеење интегративците добија се речиси се што сакаат. Еден од тие примери е и законот за територијална поделба, кој предизвика гнев кај Македонците во Струга и резултираше со големи протести.

Последната победа на ДУИ е што го добија нивното последно главно барање за премиер Албанец, кој на функција ќе биде во последните 100 дена од оваа Влада.

-Со задоволство сакам да ве информирам за постигнатиот договор меѓу коалицијата предводена од ДУИ и коалицијата Можеме на СДСМ, изјави Ахмети откако договори Албанец премиер.

Со победата на на ВМРО-ДПМНЕ во 2006-та, ДУИ кратко само две години замина во опозиција, но сепак на предвремените парламентарни избори во 2008 година повторно се вратија на власт.

Досега ДУИ важеше за најхармонична партија кога внатрепартиските прашања се на дневен, останува да видиме дали нешто може да ја сруши доминацијата на Ахмети, како што е последниов случај кога повеќе видни партиски функционери, побараа одговорност од Артан Груби, првиот соработник на лидерот на интегративците. Една од работите за кои го обвинуваат е поразот на последните избори во Тетово, што беше прв за ДУИ после долги години.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста