Одморот завршува: Пратениците од утре се враќаат на работа, но ќе сработат ли нешто?

Им заврши од одморот на народните избраници. Скандали, викање, пцовки, заклучување, бркање – така се испратија, како ли ќе се дочекаат? Повторно ќе седнат во пратеничките столчиња, но што ќе работат е неизвесно. Државата се соочува со економска и енергетска криза, а политичката станува се подлабока во усклови кога владејачкото мнозинство е на стаклени нозе. Премиерот посакува сите 120 пратеници да гласаат „ЗА“ Уставните измени и Бугарите да бидат внесени во преамбулата, што во моментов е невозможна мисија со оглед на цврстито став на опозицијата која во никој случај нема да дозволи уставни промени.

Владејачкото мнозинство сега на агендата има: Комисијата за избори и именувања конечно да ги предложи тројцата уставни судии. Претседателката на Уставен суд Кацарска во неколку наврати бараше Собранието да ги пополни празните места бидејќи, за два месеца мандатот ќе му истече дополнително на уште еден. Тогаш, тврдеше Кацарска, Македонија ќе влезе во уставна криза.

Во исто време, власта сака пратениците да ја продолжат и енергетската кризна состојба до март наредната година, за да може непречено да и трансферира пари на ЕСМ.

Но најверојатно, тоа нема да им пројде лесно ако се знае ставот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој најави дека блокадата во законодавниот ќе биде засилена, со цел да ги одбранат интересите на граѓаните. Во исто време ВМРО ДПМНЕ инистира дека единствениот излез за државата во моментов се предвремени парламентарни избори и нова Влада која ќе ја извлече државата од актуелната енергетска, но и политичка криза.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека активната блокадата е успешна. Поѕтврда за тоа се и случувањата во Комисијата за европски прашања преку која власта упорно сакаше да им го продолжи работниот век на судиите и обвинителите, што сепак не помина. Пратениците се враќаат на работа, но за јавноста да види што и како ќе сработат ќе сочека до 13 ти септември за кога е закажана првата пленарна седница.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста