Одложена седницата на Судскиот Совет – и денес жолчна расправа на висок тон

Нетрпеливост, кавга, жолчна расправа во судскиот совет и  и денеска ама зад затворени врати. Повторно обвинувања, тврдења за закани, притисоци и влијанија врз членовите на Советот. Разрешената претседателка Дамева го отстапи претседателското столче и седна како член на највисокиот орган на судската власт. Иако беше најавено, изборот за нов претседател не се случи. Заменикот на Дамева, Селим Адеми ќе остави страстите да се смират до втори мај.Седницата ја закажа за по празниците. Причината наводно било отсуството на Мирјана Стефкова, која не присуствуваше ниту на вчерашната седница.

  • „Предлогот го ставам на гласање: Со осум гласа ЗА, и четири ПРОТИВ, седницата се одлужува за 2-ри мај во 11 часот.“

Да несогласувањата во Судскиот Совет нема така лесно да се смират, доказ бешеке и двочасовното чекање на новинарите прет вратата на Советот, а караниците меѓу членовите се слушаа низ прозорците. Но, и на самата седница дел од членовите реагираа за текот на работата на највисокиот судски орган.

  • „Јас ги знам причините, јавноста да ги слушне, кажете ги..Вчера ве изнаслушавме, во наводници “ си префрлаа разрешената претседателка и заменикот.

Адеми се воздржа од коментирање на незаконското разрешување на Дамева.

  • „И вчера и денеска ве изнаслушавме, зборувате во наводници, ако толку сте транспарентна излезете пред медиумите и одржете прес-конференција и кажете дали јас, Селим Адеми имам извршено притисок врз вас или врз други членови. Вчера расправавме пет часа, работевме, има институции и ќе кажат што е законски, вие сте член на Судски совет и денеска сте присутна тука “– рече Адеми.

За разлика од Адеми, Дамева немаше проблем повторно да поттсети дека тој требало да се погрижи членовите на Советот да не бидат предмет на закани, притисоци и влијанија, но изостави и на кажа од каде и од кого.

  • „Морам да бидам искрена дека очекував дека ќе имате мнозинство да се изгласа (нов претседател) во овој момент, но ќе оставиме уште два дена да видиме дали вашето незаконско разрешување, без спроведена било каква постапка, на некој начин ќе се легализира“, рече Дамева.

Невладиниот сектор реагира дека разрешувањето на Дамева од страна на нејзиниот заменик, бидејќи тоа не е придвидено во законите.

  • „Постои постапка која што трае, постапка за дисциплинска постапка ако има повреда, па дисциплинска постапка и изјаснување на членот за кој е поведена. Значи, има целосна постапка која е подолга од само разрешување“ вели Ивана Петровска од Коалиција „Сите за правично судење“.

Претседателот Пендаровски, однесувањата на ченовите во Советот му прилегаат на телото кое има одговорна улога во поставување и разрешување на судии.

Инаку, писмото на американската амбасадорка Агелер вчера само го разгори оганот кој веќе тлеел помеѓу членовите на Судкиот Совет, па како точка на дневен ред се најдоа меѓучовечките односи. Тоа резултираше со предлог на Адеми за разрешување на Дамева, откако таа не си даде оставка како што барање нејзиниот заменик. Скандалозно за јавноста беше и самото поставување на Весна Дамева за претседател на Советот бидејќи таа била дел од Правната комисија на СДСМ, а и јавноста виде нејзина фотографија со екс-лидерот на Социјал-демократите, Зоран Заев.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста