Одложена седницата за Меѓународниот сојуз на Боки 13, не му била добра здраствената состојба

Одложена јавната седница пред Апелација за случајот со Меѓународниот сојуз, поради здраствената состојба на прво-обвинетиот Бојан Јовановски. Боки 13 сe уште бил во лоша здравствена состојба и сместен во болница. Следната јавна седница се закажана за 5-ти јуни.

„Јавната седница пред Апелациониот суд Скопје закажана за денеска, се одложи поради неможност на обвинетиот Јовановски да присуствува на седницата по неодамна извршената хируршка интервенција, кој се уште е хоспитализиран и ја прима неопходната нега“, велат од Апелација.

За обвинетата Јасна Ерцеговиќ – Мандиќ пак судот ја немал точната адреса и поради тоа не можеле да и ја достават поканата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста