Одгледувачите на свињи се уште чекат амин од надлежните за обнова на домашните фарми

Одгледувачите на свињи од Облешево се уште чекат од надлежните да им кажат кога повторно ќе може да ги обноват домашните фарми. И по шест месеци од извршената депопулација поради Африканската чума, тие не смеат да одгледуват свињи  за сопствена употреба.

„Имаме разговарано со Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство , но нема повратна информација од кога, како и што. Наместо да произведуваме, да имаме поефтина храна, зошто не ни дозволуваат, кога еве сега нема епидемија, нема ништо„прашува Здравко Арсов-жител на с.Облешево.

Одгледувачите на свињи за сопствена потреба, стравуваат дека со новите мерки правени по европски терк ќе се искорени семејното одгледување на една до две свињи.

„Мислам дека нема да може секој да чува, туку само одредени фарми. Ќе бидеме приморани и од тоа да се откажеме и да не чуваме„ вели Тони Максимов, жител на с.Облешево.

Речиси 90% од одгелдувачите чии свињи беа одземени или евтанизирани се обештетени. Африканската свинска чума предизвика сериозен економски штети. Се претпоставува дека поради пандемијата уништени се околу 3.500 свињи во целата држава.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста