Одгледувачите на свињи се уште чекаат обештетување од државата

Одгледувачите на свињи од Зрновци, Чешиново-Облешево и Штипско се уште чекат пари од државата за да ги покријат загубите од африканската чума. Во неизвеснот, од надлежните очекуваат одговор на прашањето кога би можеле повторно да ги отворат своите мали фарми. Истовремено револтот е голем, бидејќи не знаат како ќе ги обештетат.

„Нема ниту договор, ниту потпис, ниту печат. Ништо!… Ние сиромашните од тоа опстануваме. Да исчуваме едно-две свињи и да ги заколеме„ – изјави Блажо Митревски, земјоделец од село Видовиште.

„Јас ги заклав сите осум. Срцето ме боле! Сакам пак да чувам, ама каде и да прашам никој нема. Се јавував и по Кочани, ама нема. За свињите ми е највеќе јад!„ – изјави Љубомир Цветков од село Видовиште.

И Венцо Стојанов од село Чифлик, се уште чека пари за свињите кои му беа еутанизирани пред речиси три месеци. Овој земјоделец за својата мака проговори на последните протести на оризопроизводителите. Вели дека претходно со парите од свињите некако успевал да ги покрие загубите од оризот, а сега е оставен на милост и немилост.

„Се живо испотепаа. Јас чував околу десет маторици, имав и за тов. Некој денар ќе земевме и се поклопуввме. Тие пари ги префрлавме за производство на ориз. Сега сме на нула. Дома имам само десет кокошки, ама и тоа ќе ни го уништат„ – изјави Венцо Стојанов, земјоделец од село Чифлик.

Од Агенцијата за храна и ветеринаство со одговор дека вршат административна и теренска проверка и позавршувањето на истата ќе почне исплатата. Засега нема конкретен одговор кога одгледувачите повторно ќе може да ги отворат фармите.

Согласно Правилникот во радиус од три километри од жариштето се изврши еутаназија во сите одгледувалишта кои што нема или имаат ниски биосигурносни мерки . Токму тоа ги револтираше и земјоделците. Тие бараа ветеринарите прво да ги тестират свињите, па доколку покажат позитивен резултат да бидат уништени. Од почетокот на јануари до сега се опфатени 4.443 свињи, од кои 3.863 се еутанизирани во заштитните зони

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста