Ограничување на цените на овошјето и зеленчукот не се применува секаде, во дел од продавниците го снема од рафтовите

Ден по огранучувањето на цената на овошјето и зеленчукот, рафтовите во маркетите останаа празни. Во гајбите домати крставици пиперки и кромид речиси и да нема, а онаму каде што останале цените ниту се замрзнати ниту намалени туку значително зголемени. Во еден од поголемите ланци на супермаркети, забележавме розеви домати и за 180 денари.

Министерот за земјоделство рече дека прават се за секторот да опстане, ама на терен состојбата е сосема поинаква. Произведувачите на овошје и зеленчук алармираат дека не можат да работат со загуби, зашто производите ги купуваат скапо, а се приморани да ги продаваат без ќар. За министерот Николовски тоа и не било голем проблем.

Во анализите што ги има направи ресорот што го раководи, како што изјави, јасно се дефинирани производствените трошоци на земјоделците, но и откупните цени што се плаќаат кон нив.

  • Од тие анализи произлегува дека најголем дел од цените што граѓаните ги плаќаат, одат за маржа, не за земјоделците. А во овој момент го немаме тоа домашно производство и затоа целото наше мислење беше дека во овој момент нема проблем во делот на домашното производство на тие производи, односно замрзнувањето и ограничувањето на овие цени нема да влијае на трошоците и на приходот на земјоделците, туку ќе влијае на сите оние кои сакаат да профитираат на грбот на граѓаните. Во целокупната цена, најголема застапеност има маржата, изјави Николовски, на новинарско прашање пред јавната дискусија за упростување на постапките за дозволи за објекти за примарна обработка на земјоделски производи.

Тој нагласи дека не ги анализираат увозните цени, туку домашното производство.

  • Немаме надлежности да испитуваме и да утврдуваме цена на чинење на производи од Албанија или од Србија. Тоа не е во надлежност на МЗШВ. Јас можам да одговарам за она што е со факти и аргументи и така правам секојдневно. Ние мора да ги заштитиме земјоделците заради тоа што не може со маржи што се ставени на домашните производи на крајот некој да профитира во време на криза, рече Николовски.

И додека од Владата смируваат дека се било под контрола, инспекцијата до сега извршила над 250 контроли низ цела и регистрирале неколку неправилности. За прекршителите, велат, ќе има казни.

  • Од контролите е заклучено дека производите опфатени со Одлукате се продаваат по цени во согласност со Одлуката и се достапни во продавниците и маркетите ширум земјава“, посочија од ДПИ.

Цените за замрзнување на овошјето и зеленчукот важи за свежите домати, краставици, кромид, карфиол, зелени пиперки, грав, леќа, банани, портокали, мандарини и лимони. Одлуката за определување највисоки цени за овие видови овошје и зеленчук ќе трае до крајот на месецов. Надлежните забележале дека има големи маржи кои изминатиот период достигнале и до 250%, и дел од производителите на овошје и зеленчук дебело се офајдиле. Откупувачите, реагираа дека увезуваат скапо, а граѓаните дека купувале уште поскапо.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста