„Ова е Македонија за сите“: Народот јасно гледа дека состојбата во државата со оваа власт е неподнослива

Уништена економија, национални предавства и народ заборавен од централната власт, ваква слика детектира опозициската ВМРО ДПМНЕ од терен во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите“.  Потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска при посета на Теарце рече дека нема потреба да се прават лидерски средби поради маркетинг туку сериозно да се разговара за тоа што ќе се прави по неуспехот од уставните измени. Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ,  Петар Ристески, пак, беше во посета на околните места во прилепскиот крај и оттаму укажа на разликата во владеењето на СДСМ и претходното владеење на ВМРО ДПМНЕ.

Според него анкетите покажуваат дека сме биле на 64 –тото место за застапеност на корупција, а сега сме биле на 111 –тото место.

„Секогаш има и од арно поарно,  но еве видовме дека има и од лошо полошо. Овде веќе два мандати во Кривогаштани е СДС, па може да се направи разлика што се правело претходно, што се прави сега, во државата што се направи до 2016-2017 година, што се прави сега. Корупцијата на кое место сме биле тогаш 64, сега сме на на 111. Се кради од кај што ќе се стаса“, рече Петар Ристески, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

Пратеници од ВМРО го посетија и преспанскиот крај. Граѓаните од населените места Избиште,  Крушје,  Лева Река, Кривени и Јанковец секоја година ги фрлаат јаболките поради тоа што не им е обезбеден пласман, а пратеникот Мирче Аџиоски посочи дека во овој крај потребни се итни промени.

„Овие луѓе се заборавени, обесправени и оштетени од централната власт бидејќи нивниот род се плаќа со многу пониски цени од реалната вредност на она што треба за да се произведат, конкретно јаболката“, вели Мирче Аџиоски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

ВМРО ДПМНЕ беше и на терен во кривопаланечките населени места. Оттаму пратеникот Бране Петрушевски порача дека наскоро ДУИ и СДСМ ќе ги враќаат како што вели украдените пари на народот.

Акцијата ќе трае до 17 јуни, а планирани се да се посетат сите населени места во Макеоднија.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста