Обвинителството ќе го чека и извештајот на МЗ за починатата Јана, обдукцискиот наод уште го немаат

Додека посебна лекарска комисија утврдува пропусти при третманот на малата Јана во битолската болница, обдукцискиот наод, кој треба да покаже од што почина шестгодишното девојче, сè уште не го добиле во битолското обвинителство. Кога ќе биде изработен, првин ќе биде даден во министерството за здравство, па ќе го земе обвинителот.

„Извршен е распит на повеќе лица, кои имаат определени сознанија, и обезбеден е дел од медицинската документација. Преостанатиот дел од документацијата најпрвин ќе биде потребен за работата на комисијата за оценка на стручноста во постапувањето ,формирана од министерството за здравство. По завршување на нивната постапка, обвинителството ќе го обезбеди и нивниот и извештајот од државниот здравствен и санитарен инспекторат, во врска со почитувањето на медицинските протоколи. По завршување на сите проверки, ќе биде донесена одлука за натамошниот тек на постапката“,-велат од обвинителството.

Инаку, според вонредниот надзор во битолската болница, инспекторатот констатираше дека причината за смртта на Јана не е лекарска грешка.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста