Нури Бајрами: Отсутен сум од ДКСК поради здраствени причини, не сум инволвиран во предметот со Барлет Џафери

Отсутен сум од работа поради здравствени причини и воопшто не сум инволвиран во случајот со синот на Талат Џафери, Барлет Џафери- членот на антикорупциска комисија Нури Бајрами, кој инаку е во семејна релација со собранискиот спикер, проговори за Алфа, откако просветниот инспектор, сега во пензија Ѓорѓи Илиевски обвини за судир на интереси на Бајрами – како причина што антикорупционрите одлучија да не продолжат со работа на предметот за синот на Џафери, за кој податоците говорат дека прво положил правосуден испит а потоа дипломирал.

  • Јас на 01.11.2022 година сум опериран во клиничкиот центар во Скопје и од тогаш сум оправдано отсутен од работа. Во овој случај  нема ни непотизам,  ни потреба од изземање од моја страна бидејќи не сум бил присутен ни на колегиумот на кој се реферирало по предметот ни на 78-та седница на ДКСК која е одржана на 24.11.2022. Предметот според утврдена методологија по редот на презимињата на членовите на ДКСК е распределен кај претседателката на комисијата и јас во ниедна фаза на постапката не сум имал пристап, што може да се докаже од писмените белешки од одржаните колегиуми и записниците од одржаните седници на ДКСК“ вели Нури Бајрами за Алфа тв.

Бајрами, додава дека не е во состојба да се занимава со Илиевски за како што рече клеветењето, упатувајќи го подобро да се информира пред да стигматизира.

Илиевски во изјава за Алфа рече дека Бајрами морал веднаш да се изземе од предметот поради судирот на интереси.

  • Нури Бајрами е член на Антикорупциската комисија кој што требало да биде изземен, бидејќи тој е банаџак на Талат Џафери. Значи тука имаме судир на интереси. И тоа требало да го има предвид ДКСК, кои тоа го констатира ама не во дадениот случај. И од тука, морам да кажам дека оваа работа е организирана помеѓу Талат Џафери и ДКСК“ рече Илиевски.

Целиот случај со Барлет Џафери почна кога антикорупционерите неможеа да проверат дали тој положил правосуден испит пред да се стекне со високо образование бидејќи документите од Правда се исчезнати.  Помладиот Џафери за завршени три години факултет се стекнал со степен на образование 7/1, уверение кое вообичаено се добива за завршено 4-годишно високо образование констатираа од Антикорупциска, а за пропустите не добиле одговор ниту од тетовскиот универзитет, ниту од Државниот просветен инспекторат. Барлет Џафери студиите ги завршил во јули 2015-та, а правосудниот испит 5 месеци претходно, што беше потврдено и од Правда, но документите велат од таму се чувале само една година.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста