Ново референдумско прашање: Власта не сака да слушне, ќе глуми ли пак Талат Џафери уставен судија?

Ќе добијат ли граѓаните шанса сами да одлучат за преговорите со Бугарија или повторно Талат Џафери ќе се стави во улога на уставен судија? Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските заклучоци? Ова е новото референдумско прашање кое ќе го поднесе Левица и ќе се најде на бирото на собранискиот спикер. Претходно тој ја отфрли иницијатавата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум.

Ставовите на Џафери се исти како оние на владејачката СДСМ, која што и ова ново прашање сама си го оцени како неуставно, порачувајќи дека немало да дозволат успех на евентуалниот референдум.

-За среќа на граѓаните ова е уште еден неуспешен обид и овој обид нема да помине. Државата ќе продолжи по натаму по европскиот, секако со сите придобивки кои што ги носи овој процес. Македонија ги започна скрининг процесот и преговорите и како државотворна и одоговрна партија верувам дека ќе продолжиме по вистинскиот пат забрзан за час поскоро да ги завршиме преговорите и да ги имаме придобивките кои што ги носи европскио процес на нашата држава, изјави портпаролот на СДСМ Дарко Каевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ пак и претходно обвинија дека власта се плаши од гласот граѓаните и поради тоа ја одбива иницијативата за распишување референдум за спорот со Бугарија.

-Ковачевски избега од референдум затоа што ќе излезеа 1 милион луѓе, и тој ќе мораше потоа да си поднесе оставка.Талат Џафери влезе во правни гимнастики и испокрши Деловник за работа на Собранието, Закон за рефеењндум и Устав, само за са му помогне на Ковачевски за да ја спаси фотелјата за некој месец. Имено Џафери според чл. 191 и 192 од Деловникот за работа на Собранието, не е овластен да го отфрли барањето, туку истото требаше да го проследи до претседателот на Законодавно правната комисија и до Комисијата за политички систем, изјави Миле Лефков. 

Од Левица која треба да ја поднесе иницијативата за референдум, порачуваат дека тоа е последното оружје што стои на располагање. Велат дека голем број граѓани се против она што го прави власта, поради што постои страв кај СДСМ.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста