Нови обиди за бугарска асимилација: Контроверзниот Милен Врабевски донира десет пати повеќе од Пендаровски за млади македонски уметници

Нешто повеќе од 500 евра од Пендаровски, 6.000 евра од Милен Врабевски, 12 пати повеќе од македонскиот претседател ќе донира човекот кој го негира македонскиот народ и ги финансира бугарските културни клубови во Македонија, за членовите на македонското детско ликовно друштво „Свети Кирил и Методиј“ да отпатуваат во Франција.

Таму ќе биде награден нивниот успех и ќе да добијат 13 медали и 20 признанија на престижен ликовен конкурс за детски цртежи, организиран од УНЕСКО. Оваа прилика од Фондацијата на Врабевски ја користи и за напад кон македонските власти, бидејќи ја скратиле финансиската помош за овие млади уметници.

-Децата кои се дел од Детското уметничко друштво „Свети Кирил и Методиј“, таму се обучуваа потполно бесплатно, и тоа беше така од неговото основање во 1968-ма до минатата година, кога државната помош им беше запрена без објаснување, случајно или не, после посетата на децата во Пловдив минатата година, велат од Фоднација „Бугарска меморија“.

Според се што доаѓа од Бугарија, но и од самоосвестените Бугари тука во Македонија, очигледно финансиите не се само сега случај, во обидот да се турка политиката на офијцална Софија, која наликува на обид за бугарска асимилација на Македонцијте

Пред само неколку дена првиот човек на Алијансата на македонските Бугари, Драган Цветковски, ни кажа дека на Бугарите им следувале 2.300 вработувања во државната адмистрација, иако според последниот попис во државава ги има само 3.504 во државава.

-Затоа АМБ планира да го спречи тоа со  имплементација на Агенција за вработување во јавна администрација од редот на Бугарската заедница во РСМ . Преку Агенцијата до 2025 треба да се вработат околу 30 000 Македонски Бугари во институциите во РСМ, вели Цветковски.

Финансиите се користат и од Фондација Македонија од Софија на контроверзниот Виктор Стојанов. Тие даваат пари на деца од Македонија, за да го изучуваат бугарскиот јазик.

-Фондацијата Македонија ќе му понуди на секое дете од Македонија и Србија месечна стипендија од 30 евра доколку студира литературен бугарски јазик, порачаа тогаш од „Фондација Македонија“.

Покрај бесплатниот курс по бугарски јазик, среде Македонија се организираат и гратис часови по историја по бугарски терк.

Но, тоа не е се, пред помалку од година во два наврати, Милен Врабевски во Скопје, Охрид, Битола и Богданци делеше и пакети храна, на кои беа залепени фотографии од Цар Борис Трети, по кога беше именуван веќе забранетиот бугарски културен клуб во Охрид.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста