Новинарот на ТВ Алфа Борис Грујоски – добитник на наградата за новинарски текст за „Есеј за старо Скопје“

Новинарот на Телевизија Алфа Борис Грујоски, е добитник на наградата за новинарски текст на конкурсот „Есеј за старо Скопје“ што се одржува во рамки на манифестацијата „Денови на европско Скопје 2022“, во организација на Дирекцијата за Култура и Уметност, со цел – придонес во промоција на Скопје и негување на вредностите на градот.

Алфа создава, истражува, креира – дали тоа му се допаѓа некому или не. Насловот на наградениот текст е „Скопје, полека, но сигурно ја губи душата на градот“

„Скопје, некогаш синоним за метропола, вистинска престолнина за еден народ, а сега – само една бледа слика од минатото, време на кое барем ако ништо друго, ќе се сеќаваме на едни убави спомени. Шармот на „старо“ Скопје – корзото, градските мангупи, космополитскиот дух како да ги „изеде“ времето. Но она на што генерации и генерации ќе се сеќаваат е Камениот Мост на реката Вардар, изграден во првата половина на XV век. Мостот ги спојува стариот со новиот дел на градот кој води кон Старата скопска чаршија, богата со историја, традиција, култура и архитектура, денес со направен спој меѓу старото и новото, стопанството и трговијата, културата и традиција“.

Ова е само дел од наградениот текст на есејот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста