„Нова Македонија”: Интерна одлука на ООН- наместо „Македонски“ да се употребува „Јазикот на Р. Северна Македонија“

„Јазик на Република Северна Македонија“ наместо „Македонски јазик“, со  бришењето на старото уставно име, полека се бришат и другите деривати на терминот „Македонија“. Најновата интерна одлука во Секретаријатот на Обединетите нациии дополнително ги разгорува овие сомнежи. “Нова Македонија” објави дека на службите во Секретаријатот им било наложено да го употребуваат терминот „јазикот на Република Северна Македонија, а да го избегнуваат терминот „македонски јазик“, повикувајќи се на високи неименувани извори од Организацијата.

Истите извори наведуваат дека без оглед што на официјалната страница на ОН сè уште пишува „македонски јазик“, во тек е постепено елиминирање на сите деривати произлезени од терминот „Македонија“, вклучувајќи и на јазикот, без оглед што тој во ОН како таков е признаен многу одамна. Понатаму се додава дека од оваа година категоријата „македонски јазик“ ќе се користи за „антички македонски јазик“, за што веќе Грците прават напори да ги убедат ОН дека станува збор за дијалект на античкиот грчки јазик – пишува “Нова Македонија“.

Како што пишува Нова Македонија, повеќе од една недела институциите молчеле за овие информации – и Министерството за надворешни работи и надлежните во Обединетите нации. Од МНР дури денеска реагираа.

„Единствениот референтен документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите е УНТЕРМ (кратко од UN Terminology). Објавените информации преставуваат злонамерни шпекулации, чии намери се да создаваат непотребно вознемирување на јавноста, и не одат во прилог на интересите на Македонија“ – информираат од МНР.

Во соопштението МНР се повикува на официјалната терминолошка база на Обединетите Нации, а Нова Македонија, пак, пишува дека во интерна препорака било сугерирано да се користи „Јазик на Република Северна Македонија“.

Од Министерството велат и дека нашите претставници во Њујорк стапиле во контакт со претставници на Секретаријатот, кои категорично ги отфрлиле овие информации за наводни внатрешни инструкции на ОН.

Инаку во терминолошката база на Обединетите Нации стои дека:

„Придавката во однос на државата, официјалните, органи и други правни ентитети… треба да биде во линија со официјалното име на државата или кратокото име односно ‘на Република Северна Македонија’ или „на Северна Македонија“. Другите придавки како северномакедонски и ‘македонски не смеат да се користат во овие случаи“.

Ова не е прв пат да се проблематизира употребата на терминот „македонски јазик“. Повеќе странски политичари во официјални обраќања досега говореа за „северномакедонски јазик“.,

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста