Нова линија Скопје – Франкфурт со „Луфтханза“ и нови четири линии со „Виз ер“, до Луксембург, Штутгaрд, Салцбург и Љубљана

Од Македонија ќе се лета на пет нови локациии. Два авиопревозника, односно „Луфханза“ од Германија и „Визер“ од Унгарија, воведуваат нови авиолинии по поддршката што ја добиваат од Македонија. Линиите се до Германија, Луксембург, Австрија и Словенија. Финансиската поддршка ќе биде 7 евра по патник во заминување превезен од меѓународен аеродром скопје. Договорите со авиокомпаниите ќе биде на три години, за што од буџетот се предвидени 5 милиони евра.

„Авиопревозниците „Луфтханза“ и „Визер“ ќе летаат и по неколку пати дневно од нашите аеродроми. Со авиопревозникот „Луфтхаза“ преку Франкфурт, нашите граѓани ќе имаат можност да се поврзат со повеќе од 200 дестинации во повеќе земји во Европа и светот со оглед на тоа дека аеродромот во Франкфурт е еден од неколкуте најголеми аеродроми во светот“ рече Ковачевски.

„Одговорено е позитивно на барањата за новите пет дестинации од овие две авиокомпании, а секоја друга компанија што ќе сака да оперира од нашите аеродроми кон која било европска дестинација тоа може да го направи и без субвенции. Но, останува правото на Министерството за транспорт и врски, доколку сметаме дека е потребно, а јас сметам дека е потребно и имаме дополнителни средства да објавиме и нов повик кон крајот на оваа година со цел да привлечеме можеби дополнителни авиокомпании но и дополнителни дестинации за нашите граѓани“ – рече Бочварски.


КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста