Нова ера на истражувања во Вселената: натпревар помеѓу светските компании

Работниците во компанијата Скорпиус Спејс Ланч прават панел од јаглеродни влакна за резервоар за гориво, нешто како резервоарот што ќе го однесе лендерот Нова-Це на површината на Месечината веќе во јуни оваа година.

Малата компанија со седиште во Торенс, Калифорнија ги намалува трошоците за научен потфат кој ќе спроведува експерименти на Месечината, обезбедувајќи цврст но лесен резервоар за гориво кој ќе биде издржлив на екстремно ниски температури.

„Користи течен метан и течен кислород за да се создаде погон за разлика од некои од многу отровните течности што ги користиме традиционално“, вели Маркус Руфер, претседател на Скорпиус Спејс Ланч.

Лендерот Нова-Це е дизајниран од компанија од Тексас, а податоците што ги собира ќе ја поддржат меѓународната програма Артемис предводена од американската вселенска агенција НАСА, која ќе ги врати луѓето на Месечината веќе во 2025 година.

Во близина на јужниот пол на Месечината, лендерот ќе спроведе експерименти кои ќе им помогнат на идните човечки екипажи да извлечат ресурси од лунарната почва.

Инженерите и техничарите во Скорпиус се потпираат на генијалност, а не на големи буџети за истражување.

„Бидејќи сме мали и пргави, успеавме да го произведеме резервоарот што им беше потребен во временската рамка и потребните трошоци“, вели Крис Маријама од компанијата Скорпиус.

За малите компании, ваквите мисии се предизвик.

„Поминувањето низ вселената, се разбира, е многу тежок потфат и природно ги фаворизира големите организации, компаниите кои имаат средства да го намалат ризикот, имаат пристап до целата технологија, сите лаборатории, сите тестирања, така што за мал тим како нас, тоа е необично“, додава Руфер.

Џејмс Верц е претседател на Микрокос, матичната компанија на Скорпиус.

Тој е исто така автор и професор на Универзитетот во Јужна Калифорнија. Тој им кажува на студентите …

Тоа е голем универзим, и има шанса да се истражува, а вие сте првите луѓе што ќе имаат шанса да го истражат“, рече претседателот на Микрокос, Џејмс Верц.

Возбудата ќе биде поголема кога мисијата ќе тргне од земјата и ќе слета, вели Руфер.

„Многу сме горди што стигнавме до оваа точка и со нетрпение очекуваме да видиме кога оваа ракета ќе полета. Сигурно ќе има многу радување, рече Руфер.

И како што луѓето влегуваат во новата ера на истражување во вселената, а земјите и приватните компании прават планови за соработка, натпреварувањето во вселената секој ден станува се почесто и почесто.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста