Ни Ковачевски ни Арсовска немаат решение за јавниот превоз во Скопје

Ќе извисат ли приватните превозници ?  Се уште нема ниту  датум за ветената средба со Премиерот, ниту пак какво било понудено решение од страна на властите. Градоначалничката пак одвај се одважи да застане пред камера за да каже дека рекла се што имала. Според Арсовска, тоа што граѓаните имале потешкотии со транспортот не била нејзина вина, а проблемот ќе се решел со новиот јавен повик за приватните линии .

Кажав се што имам да кажам … Граѓаните доцнат ? – Тоа не е наш проблем, крив е оној што го направи ова … кажав се што имав, ќе свикаме прес – конференција засега толку , рече Градоначалничката Данела Арсовска

Премиерот пак не можел да ги прими на средба затоа што чекал податоци од УЈП за да имал факти на кои би се базирала дискусијата. Сепак, и покрај целиот хаос кој се случи со градот, немало да навлезат во какво било одземање на надлежностите на градот Скопје.

Превознците од друга страна очекуваат дека Премиерот ќе си го одржи зборот дека во текот на оваа недела ќе ги повика на средба, затоа што 500 семејства ги остава без работа, а се уште се едногласни во одлуката никој да не се пријави од Слобода Превоз и Макекспрес на огласот.

Сепак сакаме да апелираме и на итноста, заради тоа што околу 500 семејства веќе подолго време неосновано и незаконски се и без работа и без да им биде исплатено она што веќе го имаат изработено во претходните 4 месеци, а кое е писмено потврдено како такво и од службите на ЈСП и од службите на Градот, вели Ленин Јовановски од „ Слобода Превоз“

Целата ситуација, за лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски е производ  на тајна коалиција помеѓу Ковачевски и Арсовска .

Граѓаните и скопјани се изморени од ова што се случува на релација Илинденска бр 2– канцеларија на Град Скопје , додека договаат што да кажат тие се договараат и за ова: Ти повикај ги на состанок, јас нема да се согласам и тоа ќе се удри на главата на ВМРО – ДПМНЕ затоа што ВМРО ја поддржало Арсовска . Тие мислат дека со оваа политика ќе паѓа рејтингот на ВМРО ДПМНЕ, рече лидерот на ВМРО- ДПМНЕ , Христијан Мицкоски

Приватните превозници со денови блокираа клучни раскрсници во Центарот на градот барајќи да им биде исплатен долгот кој тврдат дека е во висина од над 1 милион евра.  По барање на Премиерот, дека ќе бидат примени на средба без уцени, ги повлекоа автобусите од Илинденска, но не се вратија во сообраќај.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста