Ниту Ковачевски, ниту Османи нема намера да даде оставка по се поизвесното вето за датум за Македонија во јуни

Македонската влада не гледа причина за одговорност за се поизвесното „не“ од Брисел за интеграциите и уште повеќе за неуспешните преговори со Бугарија во кои . Ниту премиерот Димитар Ковачевски , ниту шефот на дипломатијата Бујар Османи не размислуваат да си поднесат оставка за ваквиот дебакл, како што и направи екс премиерот Зоран Заев по ладниот туш за европските интеграции во декември и дебаклот по локалните избори. Наместо тоа најавуваат дека и покрај неуспех разговорите ќе продолжеле, а Договорот за добро соседство ќе си продолжи да важи.

Бугарија не остана покуса на рокот кој Османи им го наметна за решение до јуни, па со остра реторика претседателот Румен Радев му врати дека било нездраво Македонија да поставува ултиматуми. Радев и неговата заменичка Јотова говорат дека има силен меѓународен притисок врз Бугарија да го тргне ветото.

-Крајно е несоодветно и нездраво да се зборува за Бугарите и да се поставуваат некои ултиматуми. Притисокот беше уште поголем минатата година. Јас и преодната влада го продолживме овој притисок со два последователни совети за проширување. „Многу добро ги објаснивме позициите на Бугарија и тие се прифатени. Само треба да се бранат. Станува збор за човекови права, копенхашки критериуми, говор на омраза. Тоа се работи кои не се компатибилни со европските принципи и вредности“, рече тој.

Додека се чека одговор од Софија, Македонија се врти кон интензивен стратешки дијалог со Вашингтон. Македонската влада се правда дека на ваквото поврзување не треба да се гледа како алиби за еврипскиот неуспех, ниту дека САД активно се вклучува во билатералниот спор со Бугарија, на истиот принцип како што беше и делот со Преспанскиот договор. Нашите власти негираат, ама бугарскиот премиер Кирил Петков денеска е на средби во Вашингтон на највисоко ниво. Во најавата не се споменува дали една од темите ќе биде ветото на Бугарија за почеток на преговорите за членство на Македонија со ЕУ.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста