Николоски : Шеќеринска глуми задоцнет патриот, предавството ќе ви тежи цел живот

Потпретседателот на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски, реагираше на изјавите на поранешната министерка Радмила Шеќеринска , која продава задоцнет патриотизам

„ Ја гледам денес Радмила Шеќеринска  како глуми задоцнет патриот па вели да се имало разбирање за луѓето што се против промена на Уставот. Истата Шеќеринска , што беше втор човек на СДСМ и на Владата, кога се потпиша договорот со Бугарија , со кој прифатија дека македонскиот и бугарскиот народ имаат заедничка историја , а немаат. ! Истата која прифати промена на име , и гордо се сликаше во нивици  и истата која според многумина ги влече конците  од позади сцена во сдсм , и со која димитар ковачевски се консултира за секоја покрупна одлука . Извинете ама не поминува , како што ви кажав на еден од нашите дуели кога го менувавте името на Македонија  , предавствотото ќе ви тежи цел живот, напиша Николоски на Фејсбук. И додаде дека за договорот со Бугарија се на различни страни и никогаш нема да бидат на исто по ниедна цена.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста