Николоски: Да беше добар договорот за автопатите самите ќе го објавеа, а не да го кријат како змија нозе

Да беше добар договорот за автопатите самите ќе го објавеа, а не да го кријат како змија нозе, предупредува потпретсдеателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Во гостување на Македонско радио потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ вели дека не гледа друга логика зошто да се крие добар договор. ако договорот е добар вели тој, ако носи добро за граѓаните и на Македонија и ако успеале да договорат изградба на автопати по конкурентна цена еве не мора да е евтина, но барем да е конкурентна која што ќе овозможи најдобра комбинација на цена и квалитет тогаш сигурно гордо ќе го претставуваа во јавноста и ќе ги кажуваа придобивките на истиот.

Но, имајќи во предвид дека не го прават тоа и имајќи во предвид дека бегаат од одговорноста јасно е ова што го гледаме сите, а се работи за тежок и манипулативен начин на работа со кој што сакаат да се скријат работи на кои што јавноста би реагирала“, истакна Александар Николоски

Тој додаде оти е точно дека ВМРО-ДПМНЕ го добила договорот од свиркачи, но не е сигурен дали верзијата која што ја имаат е финалната. но нека демантира Владата, нека рече не е таа верзија, и нека ја споделат со јавноста финалната верзија од договорот со „Бехтел и Енка“. но тоа од Владата не го прават, и затоа што не го прават се отвораат бројни сомнежи. Ние оперираме со таа верзија која што ја имаме добиено. А, таа верзија е катастрофална, предупреди Николоски.

Тој уште еднаш укажа дека Македонија е прва држава која што ќе плаќа кога машините не работат што претставува е врв на целиот криминал и на сите овие злоупотреби за кои предупреди дека ќе има одговорност и за Груби и Ковачевски затоа што ставиле потпис на ваков документ.  

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста