Николоски: Власта да престане да ја кочи реализацијата на општинските обврзници зашто граѓаните очекуваат реални проекти

Да се ослободи процесот за реализација на општинските обврзници за конечно, презадолжените општини каде што има градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ да пристапат кон остварувањето на капиталните проекти кои предизборно им беа ветени на граѓаните, порача денеска од Прилеп, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Алексдсандар Николоски.

Еве, еден повик од Прилеп, да се надминат себе и да дозволат општинските обврзници да профункционираат. Ова е еден иновативен метод на финансирање на општините, а позади него има поддршка и од експерти од ЕУ, особено во делот на зелени обврзници и е нов начин на кој што ќе можат да се финасираат општинитр на кои што ќе можат да се реализираат бројни проекти, а ако сакаат ќе можат и дел од граѓаните да ги оплодат своите средства“ посочи Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски, исто така предочи дека постојат и други начини за финасирање на капиталните проекти, а притоа општините да не бидат зависни од добрата волја на централната власт. Но, спред него тие начини, кои се пред се комерцијални кредити, не се толку добри како обврзницата, најмногу заради високите камати.

Обврзницата е подобро затоа што дава поголема флексибилност на општините за разлика од кредит каде што кредит се зема за конкретен проект, а обврзницата ослободува срества за општината и тие средства да се искористат онака како што општината, односно граѓаните мислат дека е најдобро“, појасни Николоски.

Градоначалникот на Прилеп пак, Борче Јовчески кој и овој викенд е домаќин на своите сограѓани кои во рамките на прокетот „Отворени денови во твојата општина – Твоја идеја за промени, можат непосредно да ги изнесуваат своите идеи и проблеми, со цел нивно брзо реализирање, рече дека прилепчани најмногу идеи имаат за решавање на инфраструктурните проблеми.

Се работи за исполнување на проекти од капитален размер. Конкретно за проекти на кружни текови, проекти на изработка на спортски игралишта, рехабилкитација на огромен број на улици, повеќе од 50. Потоа една од рак-раните на нашиот град се и влезовите во него“, кажа Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

Отворените денови со гражаните продолжуваат и во текот на утрешниот ден.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста