Никовски: Ништо друго освен нова провокација не може да се сфати доаѓањето на Јотова во Битола

Ништо друго освен нова провокација не може да се сфати доаѓањето на бугарската претсетседателка Илијана Јотова во Битола. Ниту порано ниту подоцна,  таа доаѓа на денот кога градот е ослободен од фашистичкиот окупатор кој источниот сосед сака да го прикаже како бугарска администравија коментира за Алфа, политичкиот аналитичар Ристо Никовски . Најстрашно е вели Никовски, тоа што Македонија молчи и никако не реагира на тоа.

  • „Ова е само нова офанзива. Таа не доаѓа случајно на денот на ослободување на Битола и тие прават се за да окупацијата на Македонија ја претстават како административна. Се додека Македонија не ја сврти политиката и не покаже заби ќе има нови вакви провокации. Тешка и длабока провокација е нејзиното доаѓање, ќе има нови уште по тешки за нас, а од нас зависи дали тоа ќе го промениме или ќе си продолжиме со една наивна, несоодветна, поразителна, капитулантска и предавничка политика“ коментира за Алфа Никовски.

Уште повеќе  сомнително е тоа што Јотова доаѓа во време кога бугарските здруженија веќе отворени во Македонија треба да ги менуваат имињата. Очигледно се намерите, вели Никовски, дека ја добиваат целосната поддршка од бугарската влада ,за да не се променат називите на клубовите со имиња на контроверзни и докажани фашистички соработници.

  • „Таа дојде во Битола да ги поддржи, да се борат и.т.н.бидејќи тоа е директна бугарска политика, да провицира и да покажува и докажува дека фашизмот во Македонија не беше окупација туку беше администриција, ослободување и слично “ вели Никовски.

Македонските власти не можат да го спречат доаѓањето, но може соодветно да реагираат бидејќи намерите на Бугарија се јасни. Но и сега како и во последните пет години Македонија води политика која единствено оди на наша штета дециден е Никовски, а тоа мора да се промени.

Инаку, Јотова пристигна во петокот вечерта во Битола, денот кога градот е ослобеден од фашистичкиот окупатор, но тоа за нејзе не претставуваше провокација  туку напротив, ги зближува двата народи. Делегацијата на Јотова и неколкумина ванчомихајловисти од Битола се поклонија на бугарските гробишта во Цапари каде се закопани 214 бугарски војници кои ги нарече синови на мајка Бугарија.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста