Ники Хејли ја објави кандидатурата за претседател на САД

Во нејзината родна држава Јужна Каролина, Ники Хејли изјави на својот прв митинг за претседателската кампања дека е дојдено време посвежи лица да ја водат земјата.

„Ние сме подготвени – подготвени да ги надминеме застарените идеи и избледените имиња од минатото. Ние сме повеќе од подготвени за новата генерација која ќе не води во иднината“, вели Хејли.

Тоа беше најблиску, а да не го спомне името на Доналд Трамп, пред повторно да се кандидира за претседател. Таа не го спомна ветувањето што го даде во декември 2021 година.

„Не би се кандидирала ако се кандидира претседателот Трамп“, рече Хејли.

Во изјавата за Гласот на Америка преку портпаролот на кампањата, Трамп забележа околу претходното ветување на Хејли и рече дека и рекол: „Таа треба да го следи своето срце и да го прави она што сака да го прави“, додавајќи „Ѝ посакувам среќа!

Започнувајќи ја својата претседателска кампања со видео на интернет, Хејли се прикажува себеси како некој кој се грижи за иднината на партијата.

Републиканците го загубија гласот на народот на 7 од последните 8 претседателски избори. Тоа мора да се промени“, рече Хејли.

Високиот соработник на Американскиот институт за бизнис, Џон Фортие, вели дека Хејли, ќерка на имигранти од Индија, нема да биде најстрашниот противник на Трамп.

„Како амбасадор на ОН, таа му беше лојална на претседателот Трамп и не прекина соработка со него како што направија некои од Републиканската партија. Тие работи, би биле на позитивна страна за републиканскиот гласач кој гледа нов кандидат. Од негативната страна, пак, не е јасно дека таа има толку силна привлечност кон Америка, кон републиканските гласачи како некои други“, вели Фортие.

Декларацијата на Хејли е веројатно само првата меѓу републиканците кои сакаат да го спречат враќањето на Трамп во Белата куќа. Меѓу оние кои размислуваат да влезат во трката се тројца мажи кои служеа во администрацијата на Трамп, неговиот потпретседател Мајк Пенс, поранешниот државен секретар Мајк Помпео и поранешниот советник за национална безбедност Џон Болтон.

„Големата личност за која зборуваме на ова поле како потенцијална алтернатива на Доналд Трамп е гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис. Мислам дека причинита за тоа е што тој навистина се прикажа како голем гувернер на државата наклонета кон републиканците, ги има многу од карактеристиките на Доналд Трамп“, додаде Фортие.

Гувернерот на Флорида се фокусира на прашањата за културната војна исто како и Трамп и се очекува да доминира од другите републиканци во собирањето средства. Тоа може да го направи привлечен за партиските лојалисти кои сакаат силен кандидат да се соочи со очекуваниот кандидат на Демократската партија, актуелниот претседател Џо Бајден.

Ако Хејли продолжи со едноцифрени анкети, таа може повеќе да се смета за потенцијален потпретседателски кандидат на евентуалниот партиски кандидат.

Кандидатите кои се натпреваруваат против поранешниот претседател, може да го отвори патот за Трамп да го повтори она што го направи како политички новодојденец во 2016 година – имајќи доволно поддршка за да го исчисти теренот и да ја освои номинацијата на Републиканската партија.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста