Не се само табличките, до февруари 2024-та година „северни“ мора да бидат сите лични документи

Од февруари 2024 година и официјално Република Македонија заминува во историјата, сите стануваме северни.  Ниту на лична карта, ниту на пасош, никаде нема да смее да го пишува вековното име, кое народот го сака. Според Преспанскиот договор сите документи мора да се сменат. Не се само регистарските таблици кои треба се се сменат туку и возачките,личните карти, сообраќајните, патните исправи.

Граѓаните ни криви ни должни од свој џеб ќе треба речиси 4000 денари за да го променат докуметите за на нив да пишува Северна.

Цена за менување на лични документи

Лична карта – 190 денари

Пасош 1700 денари

Возачка дозвола –  390 денари

Регистарски таблици –  1250 денари

Сообраќајна дозвола -250 денари

Вкупно – 3780 денари

Што значи дека едно просечно македонско семејство од својот буџет ќе треба да издвои дури 7560 денари за промена на документите, а доколку двајцата сопружници поседуваат автомобил цената ќе биде повисока за 1500 денари , односно ќе треба да плата вкупно 9060 денари, доколку досега не ги смениле дел од документите. Ако се земе предвид дека минималната плата е 18 000 денари, тоа значи дека половина од платата на еден член од семејството ќе треба да ја дадат оти владата на Заев потпиша договор за промена на името.

Колку вкупно пари ќе се влеат во државната каса доколку сите полнолетни државјани ја сменат својата документација, не може да се пресмета оти според пописот нема финална бројка на граѓани над 18 години.  Но она што може да се пресмета е сумата на пари кои ќе ги платат граѓаните за ознаката НМК на регстерските таблички. Неверојатни 11 милиони евра плус ќе се додадат на буџетот оти заради Преспанскиот мора да се променат табличките.

„Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК“, пишува во Преспанскиот договор.

Колку возила од 2019 година до сега ги смениле таблиците, министерството за внатрешни работи не кажува. Она што е познато е според последните статистички податоци во 2021 година во Македонија се регистрирани 559 илијади моторни возила , за да се сменат таблиците секој граѓанин треба да даде 1200 денари, а ако ги додадеме и трошоците за нова возачка, сообраќајна и административни такси,  сумата изцицана од народниот џеб е безмалку 14 милиони евра.

Доколку возачите не ги исполнат обврските од Преспанскиот договор до 12 февруари 2024 година, сообраќајната полиција ќе може да ги казни до 100 евра тие кои што не ги замениле регистерските таблички.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста