Не се градат нови патишта, но не се одржуваат ни старите

Со месеци стојат одроните од карпи на автопатот Штип-Миладиновци. Магистралната делница стара само три години, веќе шест месеци е ризична за патување. Големиот одрон се уште ја има блокирано едната коловозна лента од магистралната делница. Дополнителен страв кај возачите преставуваат карпите надвиснати над магистралата. Иако минатиот четврток  министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кажа дека постапката за избор на изведувач е завршена и механизацијата е веќе на терен, фактичката состојба е поразлична. Механизација воопшто нема. А еве што министерот за транспорт и врски Бочварски одговори во Охрид на прашањето кога ќе се санират одроните на автопатот.

 „Директорот на ЈП Државни патишта е овде, но ќе се обидам да одговор на прашањето. Имаше постапка за избор на изведувач којшто ќе ги санира тие два постоечки одрони кои се јавија. Пред неколку дена беше потпишан договорот и веќе од вчера има механизација на терен и постапката е во тек „-изјави минатиот четврток во Охрид,  министерот за транспорт и врски Благој Бочварски

И додека се чека на надлежните да почнат да ги санират свлечиштата кои се ризични, патарината која целосно беше уништена е санирана и секој момент може да започне со работа. На социјалните мрежи граѓаните остро реагираат . Прашуваат зошто со ваква брзина не се санираат и одроните. Откако и оваа патарина ќе биде пуштена во функција одењето до метропалата, граѓаните ќе ги чини 320денари во двата правци. 

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста