Не сака да се соочи со опозицијата, ниту пак се има соочено со народот – Ковачевски владее како наметнат наследник

Не сака да се соочи со опозицијата, ниту пак се има соочено со народот, а сака да седи во најмоќната фотеља во власта и да раководи со државата. Премиерот Ковачевски пред да потпишува договори вредни милијарди евра и да менува устав треба да излезе пред народот и да си го провери сопствениот легитимитет. Но не само што тоа не го прави, туку сега бега и од ТВ соочување со опозицискиот лидер Мицкоски. Ковачевски и неговиот тим вече неколку дена молчат за понудата на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ за јавен дуел, особено за договорот за коридорите.

Дел од експертите се согласни дека тој нема никаков легитимитет. На идните избори народот ќе си одбере водач по сопствена желба, а не наметнат наследник.

Легитимитет нема, бидејќи не добил директно, односно не победил на едни парламентарни избори, потоа да формира патламентарно мнозинство, каде се црпи легитимитетот дирекно од граѓаните, во сите нормални европски развиени демократии. Во таа насока треба да си ги провери легитимитетот. И да нема предвремени парламентарни избори, наредната годиниа дефинитивно ќе има соочување за избор на нов парламентарен состав, односно мерење на силите на актуелниот премиер кој стана премиер како наследник на Заев, Благојче Атанасовски – аналитичар

Може ли наследникот што си го постави Заев, не само да троши огромни суми на пари, туку и да ги вметнува бугарите во Уставот, да преговара за бришење на формулацијата 20%, да менува цели учебни програми, да брише и додава предмети во школите?

Универзитетскиот професор Јанкуловски за Алфа вели дека владата живее во филмот дека големите лидери носат големи одлуки, таков бил и Заев, таков најверојатно е и Ковачевски, а со нивните одлуки веќе 6 години не се согласува народот.

Народот очигледно не е со нив, не беше ни со референдумот за промена на името, не беше ни со договорот за добрососедство, не е ни сега за внесување на бугарите во Уставот, 80% од граѓаните на Македонија, она што се македонци, односно 60% од вкупниот број на граѓани се изјаснија негативно за внасувањето на бугарите во Уставот, така што народот очигледно не е со нив, но ова е обид да ја поправат својата што би рекол катастрофална ситуација во политичкиот спектрум во државата, во изборите кои ќе се случат дали порано дали во редовен термин, тоа е обид да најдат начин да, односно да се прикажат во поинакво светло од она кое го практукуваат досега, да не го прашуваат народот за ништо, одлуките да ги носат во име на народот. И да практицираат една филозофија на тоа дека они најдобро знаат што е добро за народот, зошто народот не е свесен што е добро за него. Премиерот тоа и го кажа дека они знаат што е добро за народот, вели Звонимир Јанкуловски – универзитетски професор

Инаку Ковачевски седна на местото на Заев кон крајот на 2021 година откако поразот на локалните избори, тогашниот прв човек на Владата и на СДСМ си даде оставка. Ковачевски е директен избор на Заев и не е избран на непосредни избори.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста