Неуспешни обиди на Ковачевски да добие поддршка за уставните измени или лоша координација со матичната партија?!

Едно се говори, друго се пишува, ставови се менуваат за неполни 24 часа.  Премиерот и неговата матична партија во изминатите два дена оставија впечаток како да не се во координација и ги збунија граѓаните со различни изјави по исто прашање. По Централниот одбор во СДСМ , Димитар Ковачевски зборуваше за уставните измени и расположението во опозицијата за ова прашање , а неговата партија одлучи да му го „ нашминка“ говорот, па во соопштението додадоа делови како да биле кажани од Ковачевски.

Или ВМРО- ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела како партија , бидејќи утре ќе се срамат од одлуките во минатото , бидејќи не им е сеедно дека не го поддржале зачленувањето во НАТО и дека не влегле кога се гласаше договорот ФРОНТЕКС, бидејќи имаме чист македонски јазик одобрен од сите земји членки во ЕУ и дека конечно ќе се одважат тоа да го направат бидејќи во секој случај возот е тргнат кон ЕУ

Ова го рече Димитар Ковачевски на 18 мај, а еве што стигна од Центарот за комуникации од СДСМ неколку минути подоцна  :

И тие поединци мислам дека многу брзо ќе го остават Мицковски на последната станица и ќе продолжат на возот кон Европа. СДСМ е предводник на овој европски концепт за европска иднина. И тоа така ќе биде. Или ВМРО ДПМНЕ ќе се приклучи кон проевропскиот блок цела, или во делови. Во секој случај, возот е тргнат и враќање назад нема.  Сум го кажал ова, и ќе го кажам пак, Северна Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ, рече претседателот Ковачевски.  – стои во соопштението од СДСМ .

Премиерот   уверено во говорот после централниот одбор испрати пораки дека во опозицијата имало пратеници кои биле за Уставни измени, но не говореше како што беше напишано во соопштението

 Јасно е дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, можеби и пратеници, преставници на раководството кои не мислат исто како нивното лидерство и коишто искрено и од срце сакаат земјата да го продолжи патот кон ЕУ и можеби сакаат да станат дел од европскиот блок. На тие поединци мислам дека треба да им се даде шанса да се приклучат на возот којшто оди за Брисел, рече Ковачевски на 18.05.2023 во говорот по централниот одбор во СДСМ.

Како Премиерот знае какво е расположеието во опозицијата е нејасно со оглед на неговиот став само еден ден подоцна дека тој никогаш не разговарал со пратеници.

Јас никогаш во живот не сум правел списоци, нити сум разговарал поединечно со некого да го убедувам јас моите ставови ги кажувам јавно, рече Ковачевски вчера .

Инаку премиерот ги менува ставовите и кога е во прашање Бугарија. Прво не убедуваше дека нема ништо лошо во францускиот предлог, а сега му се разбуди патриотизмот и ја напаѓа официјална Софија.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста