Неуспех за македонската власт: Пораз за безбедносниот систем е да бараме вина во хибридна војна и Русија

Во делот на, во делот на хибридните закани, кажа Ковачевски.

-Т.н. хибридна војна која што ни се води, кажа Спасовски

-Ова е се резултат на хибридна војна, кажа Ковачевски.

Барањето вина кај сите други освен кај самите себе е пораз за македонскиот безбедносен систем. Државава со месеци не успева да се снајде со проблемот- лажни дојави за бомби, а хибридната војна стана виновна и за упадот во системот на Фондот за здравство. Најчесто вината се бара кај Русија, држава која стана и виновна за влошените односи со Бугарија. Според познавачите тоа е најлесниот пат за да се покрие сопствениот неуспех. За поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски тоа е недозволиво, бидејќи очигледно властите немаат никаков доказ за тие тврдења.   

-Јас сум многу голем противник на тоа да некого го обвинувате, а да немате никаков доказ за обвинувањето. Ние не можеме да се повикуваме дека Русија е виновна за се а да немаме ни еден конкретен доказ. И те како има одговорност во МВР, АНБ, па и во сите овие кои се најповикани и со закон задолжени да спроведуваат истраги за сите овие состојби. Факт е дека тие органи четири пет месеци затаија целосно, изјави Ѓурчевски за Алфа.

Според Ѓурчевски постојат начини како да се најде виновникот, доколку навистина станува збор за Русија, еден од тие начини се парите, за кои безбедносните структури мора да знаат дека влегле во државава.

-Финансовата е полиција е овластена секоја транскакција над 15 илјади евра, која што влегува во банкарскиот систем на Макеодонија. Значи таа добива дневно информирање од банките дека таква и таква трансакција е извршена и тие ги отпочнуваат своите оперативни проверки, да видат која банка, од каде. Ако станува збор за кеш, тогаш дефакто ни затаиле полициско царинските органи на границите, изјави Ѓурчевски

Сепак Ѓурчевски е на ставот дека македонските власти ќе продолжат вината да ја барат во наводна хибридна војна зад која стои Русија, а одговорност ни под разно нема да поднесе некој наш функционер, иако јасно е дека проблемите се кај нас самите.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста