Нема решение за потенцијалните директори, Државниот испитен центар уште е глув на нивните барања

Речиси една година Државниот испитен центар нема распишано испити за полагање на менаџерски испит, а со тоа централната власт го ускратува уставното право на потенцијалните директори да полагаат за лиценца за менаџери. Ова е уште еден доказ за апсурдноста со која се соочуваат општините, објаснува градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Штипската локална самоуправа веќе има добиено допис од Министерството за образование  и се известени  дека ќе им ги одземат ингиренциите доколку не распишат оглас за директор во едно општинско училиште.

„Во исто време централната власт преку нивните инструменти и министерства праќаат дописи до мене како градоначалник да доколку не распишам оглас во институциите кои се под локална власт дека надлежностите и ингиренциите ќе ми бидат одземени. Од една страна не дозволуваат да се полагат испити и да се стекне со квалификација, освен поранешните кадри на СДСМ , а во исто време од мене бараат да распишам огласите„-изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Добар дел од кандидатите за менаџерска лиценца стигнале до самиот крај, но наместо да полагаат за лиценца новиот директор на Државниот испитен центар им ги поништува положените испити и со тоа ги става пред свршен чин, но и во нови тршоци.

 „И покрај тоа што овие луѓе уплатиле, полагале, со одлука на новиот директор се поништија полагањата и испитите кои ги имат положено потенцијалните кадри за директори. Само да се елиминира потенцијалната конкуренција, на кадрите кои во времето на СДСМ , не навлегувам на каков начин, добиле соодветна лиценца за директори„ изјави Јорданов.

Пробавме да стапиме во контакт со Државниот испитен центар но сите телефонски броеви за контакт кои се посочени на официјалната интернет страница  се недостапни. Инаку на почетокот од годината неколку кандидати за директори на основни и средни училишта излегоа на протест пред Државниот испитен центар. Се жалеа дека на овој начин се спречени да напредуваат во кариерата и покрај тоа што имат уплатено пари. 


Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста