Нема решение за дивите тезгаџии на прилепскиот пазар

ЈКП Пазари Прилеп: Подвижните тезги со раноградинарски производи, засега остануваат на просторот околу Градскиот пазар во Прилеп.

Продавачите на раноградинарски производи кои продаваат во камиони околу прилепскиот Градски пазар и главно се од струмичко, а за што уредно си плаќаат закупнина и се регистрирани земјоделци, засега остануваат тука, вели директорот на ЈКП „Пазари“ од Прилеп.

Редарската служба нема надлежност за воспоставување на ред надвор од рамките на Пазарот. Јас и Управата на ЈКП „Пазари“ максимално ќе се заложиме во наредниот период да се обезбеди место во градот каде ќе бидат сместени овие производители и трговците на големо. Всушност, зголемувањето на понудата на земјоделски производи и успешно задоволување на потребите на граѓаните на Прилеп е основна цел на нашето постоење како фирма“, – ни изјави за Алфа, Игор Крстески, в.д. директор на ЈКП „Пазари“ – Прилеп.

Ова следува откако локалните тезгаџии кои со години закупуваат тезги во Пазарот и се даночни обврзници се побунија заради, како што ја нарекоа, нелојалната конкуренција од страна на овие диви продавачи.

Сите ние сме легално пријавени во УЈП, задолжително си ги подмируваме сите давачки кон државата по основ на данок, а воедно и по основ на закупнина кон самата институција „Пазари“…Пазарниот и комуналниот Инспекторат со Полицијата да ги расчистат узурпираните јавни површини кои со Закон не се предвидени како продажни места“, – кажа Николче Трајкоски, претседател на Здружението „Пазари“ Прилеп

На ова возвратија дивите продавачи кои тврдат дека продажбата ја вршат легално, односно согласно Законите за ваков вид дејност.

„Не сме против Пазарот. Ние сакаме и пазарот да печали некој денар..Ние сме прашале, директор, пазар и ни дозволи директорот, пазарот..Си плаќаме месечно тука. Ни излегува месечно 13.000 денари“ – објасни дивиот продавач од с. Баница, струмичко.

„Ние сме свесни дека дивите продавачи вршат директно влијание врз формирањето на продажната цена на производите, односно драстично ја намалуваат, но тоа и е суштината на пазарната еконимија“, вели Крстески и додава дека овој долгогодишен хаос етапно ќе се решавал, особено со камионите-тезги кои редовно се стационираат во близина на Железничката станица.

 Каролина Дурло

    

                                                                                                

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста