„Нема Македонци во Албанија„ – Бугарите го негираат македонското малцинство во Мала Преспа, Голо Брдо и Гора

Мала Преспа, Голо Грдо и Кукушка Гора, регионите во источна Албанија не биле населени со македонско, туку со бугарско малцинство. Бугарија ја шири својата пропагнда и успа да пронајде свое малцинство и Албанија  Софија, преку државната телевизија нашла неколкумина да се сликаат пред камери и да тврдат дека организицаии блиски до Скопје го негирало нивното право да се изјаснуваат како бугари- Телевизијата „БНТ Новини“ направила цела репортажа со нив во која тврдат дека со векови живеат во Мала Преспа, Голо Брдо и Кукушка Гора.

ТОНСКО Хаџи Пируши – Здружение „Просперитет“ во Голо Брдо

Поделбата на Голо Брдо и Гора во посебни општини ќе му овозможи на тамошното компактно бугарско население полесно да привлекува инвестиции, да го докаже своето бугарско потекло и да побара помош од Бугарија. Наша територија – сите патишта се земјени патишта, немаме ниту еден пат со асфалт. Многу е тешко да се влезе на нашите територии. Немаме ниту еден пратеник. А, во општините немаме претставник од нашиот народ.

Во Голо Брдо и Гора, тврдат тие, е сконцентрирано бугарското малцинство, признато од Парламентот во Тирана во 2017 година, но организации блиски до Скопје тврделе дека населението во овие области е македонско. Организациите ги обвинуаат македонските тамошни организации дека го загрозуваат движењето за прашањето за поделба на општините.

ТОНСКО СПАС ТАШЕВ ПРОФЕСОРОТ ОД ИНСТИТУТОТ ЗА НАСЕЛЕНИЕ И ХУМАНИТАРНИ ИСТРАЖУВАЊА ПРИ БАН, .

„Порано Голо Брдо беше самостојна општина, односно во изводот на родените пишуваше дека личноста е родена таму, а бидејќи се работи за компактно бугарско население, односно таму освен Бугари нема други луѓе. беше многу лесно да се утврди бугарското потекло на дотичниот кандидат. Сега, кога се ликвидирани овие општини, ни се губи секаква трага чисто административно“,

Во репортажата, се вели дека Васил Стерјовски македонски политичар во Мала Преспа бил човекот кој ја обвинувал Бугарија за вештачки создавање на заедници. Неколкутемина членови на  бугарски организации сакале да направат нешто повеќе за наводното малцинство во Албанија особено со оглед на како што велат, македонската пропаганда. 

Мала Преспа спроед официјалните податоци е Општина во Албанија  во која живеат околу 5 700 жители, сите Македонци со православна вероисповед, и во Општинта Голо Брдо живее претежно македонско население.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста