Нема договор меѓу ССМ и Владата, продолжува штрајкот во јавниот сектор

По една недела на улица конечно некој од власта се одважи да ги посети на ССМ, но попусто.

Министерката за труд и социјална политика Јована Трнечевска се појави на денешниот протест пред  Министерството и ги покана на средбва синдикалците, но повторно без решение .  Од власта не отстапуваат од ставот дека било потребно системско решение, а покачувањето од 2806 денари кое им беше ветено уште од јануари, сега стана АД ХОК решение

Eднаш засекогаш ќе воспоставиме систем кој ќе гарантира постојан раст на платите на работниците во јавниот сектор. Ќе има општ колектривен договор кој ќе дава дополнителни права на работниците во јавниот сектор, меѓутоа не ад хок решенија кои не се системски решенија и не придонесуваат кон подобрување на правата на работниците, рече Тренчевска.

 Од Синдикатот децидни. Велат може да се разговара за нова методологија но прво мора да биде исполнато барањето за покачувањето од 2806 денари за сите вработени во јавниот сектор. Денешната средба не резултирала со некакви конкретни чекори, освен дека ќе бидат закажани идни средби со ресорните министри. Инаку,  истече и рокот за помирување со медијација, а до последниот ден, медијаторот ги повикал само еднаш на информативна средба

Министерката ги истакна своите барања, дека треба да се направи нова методологија за континуиран пораст на платите за вработените во јавен сектор, што за нас не е неприфатливо , секако дека е прифатливо ова решение, но многу поприватливо е поедноставно решение е сега да го потпишеме општиот колективен договор за 2806 денари, па кога ќе се договори новата методологија од 2806 денара нека почне да се применува и таа, вели Трпе Деаноски Претседател на синдикат на УПОЗ.

Додека, пак, работниците штрајкуваат, власта донесе Измени на Законот за работни односи со кои се дозволува работниците во туристичките места да работат. ССМ реагира, дека ова е спротивно на она што било договорено кога се носел Законот, чија цел била работникот да добие одмор

Додека македонскиот работник штрајкува , Министерството за економија и група пратеници од владејачкото мнозинство се дрзнаа да ни го направат недела работен ден во туристичките места. Големо незадоволство, никаква стратегија и наоѓање криви патишта, рече Дарко Димоски Претседател на ССМ.

Штрајкот на јавниот сектор ќе продолжи и утре, а синдикалното столче ќе биде пред Министерството за информатичко општество.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста