Нема да има македонска музика на „Скендербег“: Фестивалот на Груби платен со народни пари ќе мине без ниту еден македонски пејач

Егзит на Артан Груби ќе мине без македонска музика. Фестивалот за кој од парите на граѓаните ќе бидат извдвоени меѓу 70 и 80 илјади евра, ќе мине без ниту еден македонски пејач, двајцата кои беа најавени го откажаа својот настап. Без изнесување детали, зошто го откажува настапот, Владо Јаневски преку официјално соопштение на својот Инстаграм профил, кратко само соопшти дека нема да настапи на Скендербег.

-Владо Јаневски не настапува на прославата која се одржува на 13.08.2022 на плоштадот „Скендербег“ во Скопје, стои во официјалното соопштение на Владо Јаневски.

Првата најавена македонска музичка ѕвезда која го откажа настапот беше Антонија Гиговска. Таа исто преку Инстаграм соопшти дека го откажува настапот, бидејќи не знаела дека се работи за политички настан.

-За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман, се разбира со секоја почит према организаторот и према било која политичка страна. Јас не сакам да бидам дел од манифестации поврзани со политика, ниту некогаш ќе бидам, напиша Антонија Гиговска.

На „Peace Festivalot“ или фестивалот на мирот ќе натапат албанските музички ѕвезди Мајк, Нора Истрефи, Фифи, Ермал Фејзулаху, Кида и Луми Б. Македонска музичка ѕвезда нема да има. Амбициите за од следната година веќе ги знаеме, да станел пандан на Егзит или Сани Хил фестивалот од Приштина. Артан Груби изрази дека догодина би настапиле уште поголеми ѕвезди, но спомена само албански, ниту една македонска, како што на пример е Кирил Џајковски, кој важи за еден од најдобрите диџеји на светско ниво.

-Стремиме следната година да биде нешто слично на Сани Хил фестивалот кој што се одржа пред една недела во Приштина, кој што го реализира Дуа Липа или па нешто слично на Егзит фестивалот во Србија или други фестивали. Значи дво до тридневен фестивал кој што би се одржувал во Скопје. И се надевам следната година зошто да не дојде еве не знам Бебе Реџа, или Дуа Липа, или па Рита Ора, изјави Груби.

Оваа година повторно е познато колку пари чини прославата која организирана од Министерството за политчки систем, како што беше и лани познато дека вкупниот тендер за речиси 20 дневната прослава на 20 годишнината од Рамковниот договор чинеше половина милион евра. Додека за организацијата на Груби знаеме колку народни пари се потрошени, молк од Владата колку чинеше прославата за Илинден во Крушево. Одговор на истото прашање Алфа телевизија не доби ниту лани.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста