Нема автори за некои учебници, а и со рецензенти сме куси

Образование без учебници – Нема кој да ги пишува и рецензира учебниците за средно стручно образование.  Откако алармот го кренаа средношколците дека учат од искинати и неупотребливи учебници, а некаде и воопшто ги нема, од МОН во одговор за АЛФА призна дека има застој и пролонгирање во дистрибуција на одредени учебници каде има нови наставни програми по одредени програми. Проблемот е позагрижувачки бидејќи немало интерес за пишување  стручни на учебници , а немало ни рецезенти.

Се случува за одреден предмет да нема интерес за доставување на ракописи (предлог учебници) од страна на автори и потоа целиот процес мора да се повтори. Се случува и да се достават ракописи за кои рецензентските комисии ќе побараат извесни корекции по кои авторите мора да постапат, што исто така го пролонгира завршувањето на постапката. Проблем настанува и во немањето рецензенти кои ја имаат клучната улога во давање мислење за ракописите, велат од МОН.

Доцнењето на учебниците, Министерството го оправда со тоа што станува збор за „гломазен процес“ и требало подолг временски период да се спроведе постапката. Прашањето е зошто навмремено МОН не ги отпочна процесите  ? ОД Министерството уверуваат дека во гимназија учениците ќе добиле учебници до 20-ти септември, а за стручните училипшта не се знае.

 За средно гимназиско образование спроведена е јавна набавка за откуп на тиражи согласно потребите кои училиштата ги имаат искажано и голем број од  учебниците се дистрибуирани до училиштата , издавачката куќа Просветно дело се уште дистрибуира учебници за средно гимназиско образование и истите до 20.09.2022 година треба да завршат со дистрибуцијата, велат од МОН

Хаосот во образовниот процес е и кај основците. Учениците од 1-5 одделение се уште немаат учебници, бидејќи се уште биле во фаза на одобрување. Учебниците треба да се печатат откако ќе се вратат од рецензија, а кој ќе ги печати тоа е друга  мистерија иако според шпекулаците во јавноста, се поочигледно е дека повторно тоа ќе биде омилениот „муштерија“ на власта , фирмата „Арберија Дизајн“.

 Во меѓувреме,  учениците учат од скрипти од БРО, во кои е материјалот до крајот на првото тримесечјеа за наставниците нема ни скрипти. 

 Иако образованиот процес дише на шкгри, а учебната година започна со низа проблеми, без свидетелства и  без учебници, од МОН тврдат дејка оваа учебна година започнала далеку подобро и попоготвено во однос на минатите по однос на испорака на учебници особено во основното образование.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста