Некој се богати на грбот на работникот –ССМ бара итно покачување на платите

Работеле вредно и посветено, на газдите им инкасирале 735,5 милиони евра, а добиле трошки. 100 најголеми компании во македонија за една година оставриле 42 отсто поголема добивка, а на работникот платата му ја зголемиле за 5,8 отсто. Сојузот на синдикати на Македонија го вклучи алармот, олигарските се богатат на грбот на работникот. Во време на економска енергетска криза и инфалција работинците се оставени да преживуваат како знаат и умеат. 

Работниците само во овие 100 најголеми компании биле попродуктивни и на своите работодавачи им сработиле фантастична добивка за дополнителни 218,1 милиони евра за само една година. За потсетување, Владата и работодавачите бараат поголема продуктивност, а поради политиките на Владата кон работниците и алчноста на работодавачите, на зголемена добивка од 42% од 2020 до 2021 година, им ги зголемиле платите за мизерни 5,8% колку што се зголемила просечната плата од декември 2020 до декември 2021 година според Државниот завод за статистика, пишуваат во соопштение од ССМ.

Дури и минамалното зголемување го изеде инфлацијата. Статистика пресмета дека просечната нето плата во јуни достигнала 31. 869 денари или 10,9 % повеќе од истиот месец минатата година, што во суштина поради огромниот раст на цените значи намалување за 3,1 % – или и оние кои добиле повисока плата сега се посиромашни од лани.

Дополнителен удар за работникот е и извештајот на државна ревизија, според кој во овој период констатирано е намалуцање на средствата во државната каса за владини мерки и политики за поддршка на погодените професии од ковид пандемијата. Од ССМ реагираат дека од планираните 23 милиони евра , во добар дел работниците не добиле пари на своите сметки.

Владата и работодавачите од приватниот сектор треба веднаш да пристапат кон зголемување на платите на работниците, особено поради фактот што и во време на ковид пандемијата работниците изложувајќи се на ризик по нивното здравје со својот труд им го ствараа капиталот на работодавачите, а државата наплаќаше големи приходи по основ на даноци, додаваат од ССМ Според публикацијата „100 најголеми“ , во времето на здравствена и енергетска криза, здравствените и енергетските компании оствариле фантастични позитивни салда, а не им одело лошо ниту на големите синџири на супермаркети.  Првите пет места од 100-те најголеми припаѓаат на компаниите Џонсон Мети со профит од речиси 80 милиони евра, ИГМ Трејд од Кавадарци со над 51 милион, Рудникот САСА со над 35 милиони, ЕВН и Македонски Телеком со по 28 милиони евра.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста