Неизвесна судбина на охридски „Водовод“: Не можат да си ги платат огромните сметки за струја

Неизвесна судбината на охридското јавно претпријатие ”Водовод” кое го снабдува градот со вода-удаено во долгови со над 5,1 милјони евра кон разни добавувачи, но дел од нив и за струја новото раковотство не е во состојба нити да го сервисира долгот, а уште помалку да ги плаќа огромите сметки за електрична енергија. Последната сметка за струја само за еден месец изнесува 21.милион денари, за разлика од 2020-та кога за цела годината за струја платиле вкупно 24 милиони денари.

Доколку добавивачот на електрична енергија се дрзне да ја искличи струјата, ќе мора да се влечеме по судови и да бараме времена мерка ,да купуваме време се додека ги платиме сметките,во спротивно не ќе можеме да ги снабдуваме граѓаните со вода,вели првиот човек на претиријатието. Вработените сега се пуштаат со 70% плата,најнепопуларна мерка која никој не ја посакува, е да дојде до отпуштања од работа,а не се иклучува и множноста да дојде до зголемување на сметките за вода.

-Сепак се луѓе кои што години работеле, давале свој придонес тука и не би сакал да преминеме на една таква мерка, меѓутоа во пазараната економија, ако дојдеме во таква ситуација ,тоа ќе биде последна мерка која биле принудени да ја споведиме.Со ваквите трошоци кои што сега ги имаме, цената би требало да се зголеми на водата  преку 130 % што мислам дека во овој период на ваква криза која што ја зафати државата, не знам колку ќе можат и граѓаните да ги исплаќаат, изјави Марјан Ристески, директорот на Ј.П. Водовод Охрид.

Охриѓани се гневни затоа што се дозволи да пропадне хидроцентралата ” на ” Летничките извори ” во с.Рамне,чија струја се користеше не само за потребите на  “Водоводот”,туку и за осветлување на некои делови од Охрид. Хидроцентралата скапуше и наместо да се инвестира во неа да се оспособи,во 2008-ма година кога државата ги издаде под концесија на 40 години Летничките извори на кои се изградени 3 хидроцентрали,а договорот трае до 2048 година.

-Јас не знам како дојде до тоа јавно приватно партнерство меѓутоа,тие централи произведуваат некаква електрична енергија која сега би биле повеќе од доволни во овај момент, изјави техничкиот раководител Љубе Трајаноски.

Преку здружението АДКОМ охридското и другите јавни прептријатија од внтрашноста, побарале од државата да се префрлат на регилиран пазар на елетрилна енергија или да добијат субвенцвии,но до сега од Владата не добиле никаков одговор.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста