Неизвесна зима пред нас – Мазут доправа ќе се набавува

Во најава најтешката зима за Македонија. Експертите аларамираат. Владата уверува дека се ќе било во ред.. Стопанството ќе се снаоѓало со Мазут. А мазут доправа ќе се набавува. Едно е сигурно. Неизвесноста како ќе ги затоплиме домовите.

Надлежните смируваат. Ако немаме јаглен, за производство на домашна електрична енергија ќе користиме мазут.

– „Имајќи ја предвид технологијата што ја имаат нашите капацитети, топланите и електраните, тие ако треба да се променат, од природен гас, тие може да одат само на Мазут и тоа е реалноста.“ – Изјави министерот за економија Бекеши.

Мазутот е алтернатива, а мазут во јужна европа немало. Македонија доправа ќе се снабдува за престојната зима, признава премиерот Ковачевски.

– „Компаниите од енергетскиот сектор имаат јасна задача дека треба максимално да го зголемат прозиводството на електрична енергија преку сите расположливи капацитети, второ, да обезбедат енергенси, односно суровина за производство на таа електрична енергија. Од домашни извори што се однесува на јагленот, меѓутоа и преку обезбедување навремен увоз на јагел но, особено навремен увоз на мазут бидејќи ние мора да бидеме искрени пред себе дека веќе има недостаток на мазут на европскиот пазар, особено во делот на јужна европа.“ – Кажа премиерот Ковачевски во собранието.

Експертите алармираат. Мазут не се купува на кило. Мазут се купува на повеќе годишни договори, а владата доцни.

– „Без гас од денеска се јавува многу сериозен проблем, ама затоа викаме ЌЕ купиме мазут- кога , кога ќе поскапи малку нормално, зошто провизијата е на трговците. Изјавата дека ќе купуваме гас од Азербеџајн таму не се купува на кило, таму се купува за 5-6 години правиш договор, може да купиме вака инцидентно од сопственикот на транспортниот систем на гас , но не сме поврзани со него како ќе ја пренесеме кај нас?“ – Вели Константин Димитров, експерт за енергетика.

Грѓаните во незивесност. Велат, оваа зима ќе се снаоѓаме. Секој со своја среќа.

Засега, се уште е несигурно тоа како и дали воопшто ќе сме во можност оваа зима да ги затоплиме домовите.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста