НДИ: За ВМРО ДПМНЕ би гласале 21.5%. за СДСМ само 13.9% од граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста во однос на сдсм, покажува најновата анкета на Националниот демократски институт. Опозициската партија има раст на поддршката од 4%, а СДСМ и ДУИ имаат пад од речиси 2%.

Според истражувањето направено по нарачка на овој американски тинк тенк за ВМРО ДПМНЕ би гласале 21.5 отсто од граѓаните додека за СДСМ 13.9. Трети на листата се ДУИ со 6,2, следува беса со 3,6, по неа е алијансата за албанците со 3,2, левица со 2,9, движењето на максим димитриевски со 1,7 проценти.

Неодлучни кому ќе му го дадат гласот се дури 18,3 отсто, додека 8,5 отсто одбиле да одговорат.

Ова во однос на претходното истражување нарачано од НДИ покажува дека поддршката за опозицијата се повеќе расте, а за власта се повеќе се намалува.

Резултатите покажуваат и дека 58 проценти од анкетираните се многу загрижени за намалениот животен стандард, ниските плати и ниските пензии.

Четири од десет испитаници трошат најголем дел од семејниот буџет (над 60 проценти) на храна. Речиси половина од населението вели дека често или повремено имаат тешкотии да ги платат сметките на крајот од месецот.

Испитаниците се песимисти за иднината, речиси 40 проценти веруваат дека економската состојба, животниот стандард и висината на платите и пензиите ќе се влошат во наредните 12 месеци. седум од десет анкетирани граѓани (71 отсто) ги поддржуваат партиите кои имаат дефиниран план за подобрување на економската состојба.

Резултатите се од теренско истражување лице-в-лице од спроведено од 13 до 24 април, нарачано од НДИ, врз 1.003 испитаници на возраст од над 18 години. Истражувањето е спроведено од Тим институт и финансирано од Националната фондација за демократија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста