НБРМ: Продуктивноста мора да го следи растот на платите

Економската криза е далеку од надмината, а ценовната и финансиската стабилност се клучните фактори на кои треба да се внимава за намалување на шоковите. Македонската економија закрепнува, но се уште бавно, предупреди гувернерката на народната банка. Инфлаторниот перитисок според неа попушта, но се уште е рано да се зборува за победа во битката со оглед на фактот дека торшиме трипати повеќе енергија од земјите во ЕУ, а во голем дел зависиме и од увоз на храната. Во вакви услови според Ангеловска Бежовска е проблематично да се зголемуваат платите, а притоа да нема зголемување и на продуктивноста:   

Мора да одржиме мудри монетарни политики . Такви политики но имајќи ги предвид комплексните шокови со кои се соочуваме, клучно е дека треба да бидат поддржани со фискалните политики за да се спречи зголемување на платите кое не е во линија со растот на продуктивноста , рече Анита Ангеловска Бежовска , гувернер на НБРМ.

Според Министерот за финансии пак , поголемото трошење и намалената продуктивност била поради тоа што сме се подготвувале за „ најтешката зима“ . Пролетта ќе ги намали трошоците, но продуктивноста нема да порасне

Несигурноста е сигурност денес. Сите се подготвувавме за тешка зима за цените на енергенсите и ова ни даде еден простор за воспоставување рамнотежа меѓу монетарните и фискалните политики. Па сега влегуваме во пролетното време во однос на трошоците и се надевам дека ќе постигнеме рамнотежа, рече Фатмир Бесими министер за финансии.

Дека ризиците се уште демнат предупредуваат и гувернерите од земјите членки на ЕУ. Гувернерот на централната банка на Хрватска предупредува дека глолбалната неизвесност и ценовните шокови се посебно предизвикувачки за помалите и отворени економии како што е македонската

Инфлацијата останува релативно вртоглава . Знаеме дека монетарните политики се подобро насочени за да се справат со она што го предизвика Ковид, одколку она што го предизвика шокот, снабдувањето со гориво и енергија , рече Борис Вујчиќ, Гувернер на Народна банка на Хрватска.

Како дел од монетарните политики, народната банка повторно ја зголеми  референтната каматна стапка која сега изнедсува 5,5%. Со ваквиот потег се очекува да растат казнените камати, но и кредите.  Во моментов, целиот банкарски сектор се наоѓа пред сериозен предизвик , а повисоките каматни стапки се тест за отпорноста на комерцијалните банки, беше посочено на годишниот форум на „ Виенската иницијатива“ кој за прв пат се одржува надвор од ЕУ.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста