На Џафери никој ништо не му може: собраниската комисија пред која требаше да одговара, заврши пред да почне

Владејачкото мнозинство не дозволи дебата за неетичкото однесување на Талат Џафери кон службениците од Парламентот. Расправата по пријавата на ВМРО ДПМНЕ заврши уште пред и да започне, откако пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против дневниот ред на кој единствена точка беше токму однесувањето на Џафери.

Џафери кој веќе се изјасни дека не чувствува одговорност за пцовките и невредите кон вработените во Собранието не се ни појави пред пратениците на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања.  Ама затоа пратениците од ДУИ побрзаа да ги оправдаат неговите постапки.

Видеото со вулгарниот речник на Џафери беше објавено на социјалните мрежи, а  навредите се слушаат по завршувањето на 71 седница.

Откако власта не дозволи расправа за неетичкото однесување на Џафери, од опозицијата се сомневаат дека воопшто ќе биде ставена на дневен ред и поднесената интерпелација за работењето на Џафери, откако тој спротивно на Деловникот ги заклучил пратениците за да ги преброи. Џафери има рок до следната недела да одговори на поснесеното барање за гласање недоверба и да ја образложи неговата постапка.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста