На Црвениот плоштад во Москва се одржува Парада во чест на 78-години од победата над фашизмот

Очите на светската јавност денеска вперени кон Црвениот плоштад во Москва. секоја година на 9 ти мај на Црвениот плоштад се одржува парада во чест на годишнината од победата над фашизмот. Домаќин на парадата традиционално е претседателот на Русија, Владимир Путин. Во обраќањето  Путин рече дека „вистинска војна се води против татковината“. И додека тој ги користеше зборовите „вистинска војна“, таа не беше онаа што Русија ја води, туку тој тврдеше дека е започната против Русија.Тој вели дека Русија сака да види „мирна иднина“, но ги обвинува западните елити дека го сеат семето на „омраза и русофобија“. и додека во Русија се парадира претседателката на европската комисија Урсула Фондер Лаен стигна во посета на украинската престолнина на денот на Европа. Брисел сака да издвои повеќе од 500 милиони евра за зголемување на производството на муниција за помош на киев, но и за обнова на залихите на земјите членки на Европската Унија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста