На министерката за култура Костадиновска- Стојчевска не и се слушаат критиките од македонистите

Министерката за култура кој и самата е универзитетски професор, јазичар контра ричиси сите македонистите кои се кренаа против Македонската декларација за јазикот која беше испратена до Брисел. Додека тие порачуваат дека државата сама си ги руши позициите и статусот на нашиот јазик и дека оваа еднострана изјава не смее да биде став на Македонија и бараат нејзино поништување,министерката вели,нашиот став е конзистентен, ист а тоа е дека за јазикот не преговараме, дека нашиот јазик е чист. Во преговарачаката рамка  според нема,нема фусноти нема никави додавки, македонскиот јазик е македонски јазик.

Не сакам да коментирам ставови на други држави, но сакам да го искоментирам ставот на Владата на Република Македонија е дека за јазикот, идентитетот и културата не преговараме,што значи дека нашиот јазик е заштитен рече Бисера Костадиновска-Стојчевска-мин за култура.

Македонија оваа своја еднострана изјава ја објави, откако Бугарите претходно ја објавија скандалозната декларација во која јасно ни кажуваат дека за нив македонски јазик не постои и ни под разно не можат да го прифатат.

Македонскиот јазик кој официјално стана бугарски дијалект за Бугарија,сочуван е само за нашата власт,после источната граница останува само дијалект на бугарскиот. Ова стои во најновата декларација на официјална Софија, околу бугарските позиции за нашиот јазик. Таму се дообјаснува дека за Бугарија тој е кодификација на бугарскиот јазик.

Она што Република Бугарија ќе го даде како изјава, тоа е нешто што Република Бугарија треба да го објасни, вчера јас имав голема чест да присуствувам на седница на советот за македонски јазик која што е советодавни тело, која што преку заклучок даде насоки понатаму на Владата од кои начела Владата во текот на преговорите треба да се задржи, а тоа е дека нашиот јазик е кодифициран во 1945 година и дека како и владата и тие даваат насока да не се преговара за македонакиот јазик вели Бисера Костадиновска-Стојчевска-мин за култура.

Владата си го реактивираше Советот за македонски јазик и реши да ја брани едностраната изјава на МНР. И покрај жестоките и негативни реакции, власта ја поддржува оваа декларација. Чудно е како МНР не ја менува оваа декларација, против која официјално застанаа речиси сите македонисти, единствен кој ја брани е професорот Људмил Спасов, кој е шеф на Советот за македонски јазик на Владата.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста