На македонското судство му треба целосен рестарт – дали ветингот е решение?

Дали судиите зимаат пари под рака и правилно суделе, процесот познат како ветинг во судството не го дочека својот почеток. Шест години остана да биде само најава на политичарите. Речиси половика од македонските граѓани бараат темелни реформи во правосудните институции покажуваат анкетите, но за да се започне ветинг потребни темелни и силни законски измени за да не се најдеме во ситуација на злоупотреби објаснува за Алфа, Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“.

  • Ветингот сега за сега само се споменува но не се направени никакви конкретни чекори. Не се направени никакви истражувања за да видиме кој модел на ветинг би бил најсоодветен, кој би биле последиците од ветингот како би се справиле со споредните прашања коишто произлегуваат и.т.н. Дополнителен проблем би било кој би го спровел ветингот независно дали станува збор само за ревизија однос проверка на работата на судиите или ќе станува збор за генерален резибор односно ќе бидат распуштени сите судови и ќе бидат разрешени сите судии и ќе има нов избор“„Она што ме мене ме загрижува е тоа што политичарите особено се расфрлаат со терминот ветинг како тоа да е едноставно прашање кое што ќе може да го решиме со со едноставно изгласување на некој закон. И во насока на тоа ние, сега овие интитуции кои ги имаме треба да покажат сега, овој систем, овој модел кој го имаме во оваа ситуација, треба да покажат дека сакаат да има некакви промени пред да почнеме да зборуваме за посериозни процеси како ветингот. Со други зборови треба да помине еден избор на Академијата за судии и јавни обвинители без да има скандали, избор на судии и јавни обвинители, претседатели на судови или унапредувања.. И во таков момент ќе се види дека ние имаме свест и волја за да се променат работите“ вели Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Ветингот не ретко беше помпезно најавуван, но денешните изјави на функционерите во владата не влеваат надеж дека таков процес би се случил. Аврамовски за тоа вели промените мора да започнат во моменталниот систем што ќе покаже дека сме спремни за потемелни реформи.

  • Она што ме мене ме загрижува е тоа што политичарите особено се расфрлаат со терминот ветинг како тоа да е едноставно прашање кое што ќе може да го решиме со со едноставно изгласување на некој закон. И во насока на тоа ние, сега овие интитуции кои ги имаме треба да покажат сега, овој систем, овој модел кој го имаме во оваа ситуација, треба да покажат дека сакаат да има некакви промени пред да почнеме да зборуваме за посериозни процеси како ветингот. Со други зборови треба да помине еден избор на Академијата за судии и јавни обвинители без да има скандали, избор на судии и јавни обвинители, претседатели на судови или унапредувања.. И во таков момент ќе се види дека ние имаме свест и волја за да се променат работите“ вели Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“.

Пример за ветинг во судството имаме во соседна Албанија. Но, иако е започнат од 2016-тите вели Аврамовски сеуште процесот не е ниту при крај. Прогнозите беа да се разрешат околу 30 проценти од судии во албанскиот правосуден систем, но денеска се стигнати до бројка од над половина – токму затоа треба да имаме нов соодветен кадар кој би можел да ги реализира тие промени.

Инаку, и последната анкета која ја спроведе ИПИС за Детектор, покажа дека речиси половина или 47,8 отсто од граѓаните бараат Меѓународната заедница да биде вклучена во процесот на избор на судии и обвинители,а  над три четвртини од граѓаните или 78,6% сметаат дека треба да се направи ветинг во судството.

Викторија Миткова

Целиот разговор со Аврамовски погледнете го во продолжение.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста