На илјадници компании им се заканува стечај

Длабоката економска криза ќе однесе се повеќе компании во стечај, прогнозите од експертите се дека доколку не се работи на спасување на бизнисот, следствено на кризите  во последниве две години најмногу ќе страдаат малите и средните претпријатија кои се 80 проценти од домашниот пазар.

Јас очекувам дека должниците односно друштвата ќе се соочат со финансиски потешкотии, дел од нив веќе се соочуваат. Време е да им овозможиме постапка, повеќе постапки како ќе се спаса. Спасувањето на бизнисот е комплексна работа се зависи дали се работи за мала или средна компанија итн.. малите и средните компании ќе бидат на удар, Ќе имаме екстремно проблематична ситуација ако не почнеме да работиме на спасување на бизнисот на овој начин, вели Дејан Костовски правен консултант за стечај.

Податоците  потврдуваат  дека кризата „голтнала“ многу компании.  Во 2021 година во  Централниот регистар пристигнати се 3671 известувања за фирми  кои воопшто немаат деловна активност, а во минатата година со  загуба  работеле 23.109 фирми,  додека пак  477 фирми биле неактивни три години кои Централниот регистар планира да ги избрише ако не поднесат предлог за стечај или за ликвидација за една година.

Неликвидноста на компаниите предизвика да се дискутира за измени на предлог- законот за инсолвентнотст, со што би им се дало шанса на должниците да се договорат до доверителите по пат на медијација. Предлог- законот за иснолвентност е во Владина постапка, а дискусиите за измените во кои ќе се вклучат Стопанските комори ќе продолжат од септември.

Во овој момент на неликвидност на компаниите почнуваме ваков тип на активност, а во септември ќе ги продолжиме односно да им дадеме дополнителна алатка и помош на компаниите за рестроктуирање, реорганизација и препознавање на финансиските потешкотии за ненастанување на лоша финансиска состојба, порача Елисавета Георгева Јовева потпретседателка на Стопанска комора.

Според податоците од Народна банка до  септември минатата година блокирани биле 36.737 трансакциски сметки на правни лица. 

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста