На денешен ден пред точно 4 години Македонија и официјано ја доби кованицата „Северна“ во своето име

И покрај големото народно НЕ на референдумското изјаснување, по нешто помалку од една година, по долги политички пазарења, пратеници изнесени од притвор и со надвиснати обвиненија и селективно простување за настаните од 27 април, на денешен ден во 2019та пратениците ги прифатија уставните измени, а името „Република Македонија„ стана историја.

Поранешниот премиер Зоран Заев го доби потребното дво-третинско мнозинство. ЗА гласаа осум пратеници на опозицијата. Тројца од нив, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов беа пуштени од притвор непосредно пред гласањето. Судските лавиринти најверојатно помогнаа ЗА да гласа и Елизабета Канчевска Милевска, која беше обвинета во случаи од СЈО. Но и Владанка Авировиќ, чиј син беше обвинет од СЈО и подоцна заврши со условна наместо затворска казна.

Но, не остана само на името. Се брусеја шахти со сонцето на Кутлеш, на македонски споменци каде се појавуваше овој симбол се менуваа плакетите со натпис оти станувало збор за хеленско наследство, а додека најголем дел од народноситите се именуваат со еден збор, македонците се претворија во реченица со интерпукциски знак. „Македонец, коса црта, држајванин на Република Северна Македонија.“

За разлика од првите крупни измени на уставот во 2001, кои следеа по вооружен конфликт, на овој ден, пред само 4 години, на барање на туѓа држава, промената на уставот мина само со политички турбуленции, а со тоа како да испративме порака дека може тоа и почесто да го правиме. За сега, додека го чекаме ветениот прогрес и членството во ЕУ, повторно сме во исчекуваме на нови уставни измени, но овој пат, скроени во Софија и Тирана.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста