Најскап Велигден до сега – богата трпеза ќе чини околу 6000 денари

Скапа и скромна ќе биде велигденската трпеза. Стандардот веќе не дозволува изобилство и славење како некогаш.  Алфа направи пресметка , колку би чинела традициналната празнична софра . За на трпезата има јагнешко, шопска, бојадисани јајца, пијалок и нешто блачко, ќе треба да се издвојат повеќе од  6000денари. Ова за граѓаните преставува сериозен предизвик како да се поминат Велигденските празници, а притоа да останат пари за да се истурка остатокот од месецот.

„Со овие пензии ништо не можеме да купеме. Ќе скршиме некое јајце и така. Мора да се живее, мора да се јаде. Тоа што е поевтино тоа се купува„ коментираат граѓаните

Се прават последните подготовки. Во месарниците гужва, но само за џигерчиња, свинско и пилешко.  Цената од околу 600денари за килограм јагнешко, е причина за голем дел од граѓаните ја модифицираат традиционалната веллигденска софра.

   „Не мора јагнешко, ќе земеме свински врат. Јагнешкото ми е скапо. Претходно купив главчиња, џигерчиња, тоа за друг ден. Единствено што има намалување на свинското. Тоа е околу 350 денари, она другото се  е качено „велат анкетираните граѓани

И пазарите полни со зеленчук и овошје, но се купува симболично, чисто да се одбележи празникот. Овој Велигден речиси за 20денари поскапо излегува чинија шопска,коментираат продавачите.  

„Една шопска ако се направи во домашна атмосфера, со еден домат, краставица и пиперка  денес би чинела 70 денари„ вели продавачот Ванчо Јованов.

Скромно или богато Велигден ќе помине, согласни се граѓаните кои жалат дека брзиот ритам со кој се качуваат  цените се потешко можат да го следат.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста