Најава за блокади за 4-ти февруари – Милков со дипломатска нота ќе бара пристап на Бугари до гробот за Делчев

„Да не дозволиме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“. Со овој повик граѓаните на социјалните мрежи се организираат за 4 февруари. Планираат ноќна стража пред црквата Св. Спас, но и блокади близу граничните премини Деве Баир и Делчево и во близина на кумановската патарина.

  • „ПОВИК ДО СИТЕ РОДОЉУБИ! ДОЈДЕТЕ СО КАМИОНИ ТРАКТОРИ; АВТОМОБИЛИ И ДРУГА МАШИНЕРИЈА И ПОДРЖЕТЕ ГО ПРОТЕСТОТ
    КУМАНОВЧАНИ – ВЕ ПОКАНУВАМЕ ВО 09 ДА ЈА БЛОКАИРАТЕ ПАТАРИНАТА ВО СКОПЈЕ“ – Пишува во повикот кои се шири на социјалните мрежи.

Македонските институции апелираат на мирно и достоинствено чествување. Министерот Оливер Спасовски ги повика граѓаните да не блокираат, но не одговори дали ќе го спречи тоа.

  • „Нема никаква потреба од какво било организирање на граѓаните за блокади на патиштата или ноќни стражи на денот на чествувањето на роденденот на Гоце Делчев, затоа што тука се институциите на системот“ – Истакна Оливер Спасовски.

Спасовски нагласи дека ќе се форимира и посебен штаб составен од претставници на безбедносните институции, посветен токму за чествувањето.

Во меѓувреме, од Софија со дикатат до македонските институции. Тамошниот министер за надворешни работи, Николај Милков, порача дека ќе упатат дипломатска нота и ќе побараат да се гарантира безбедноста на Бугарите кои ќе дојдат на 4 февруари.

  • „Според нашите последни односи со Македонија во моментов е клучно да се гарантира спокојот и сигурноста на Бугарите таму. И осигурувањето на непречено поклонување на гробот на Гоце Делчев е токму дел од тоа. Ние не бегаме од дијалог, напротив престои телефонски разговор на нашиот премиер со Ковачевски и еден од основните елементи за тој разговор ќе биде гаранција на безбедноста на граѓаните со бугарска самосвест таму и на безбедноста за настанот на 4 февруари. Ние како МНР ќе бараме со нота до македонската страна да се осигура безбедноста на луѓето кои ќе заминат таму“. – Изјави бугарскиот министер за надворешни работи.

Македонските институции веќе најавија дека ќе има силно полициско обезбедување околу црквата Св. Спас, а на седницата на Советот за безбедност беше утврдено дека станува збор за настан од висок ризик.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста