„Нашата земја“: Преспанскиот ја донесе, па Северна дури и за власта не баш секогаш е најомилена

Преспанскиот договор ни ја донесе нашата земја. Покрај новото име на државата, Македонија барем во устите на највисокиот политички врв стана нашата земја или нашата држава, во моменти кога власта најверојатно си проценуваше дека не и одговора да го користи името кое дојде по неуспешен референдум.

-Да живее Македонија. Да живее Република Северна Македонија, ни порача Заев.

Нашата земја најчесто доаѓаше од устата на човекот кој од позиција на премиер го промени името, па почетоците на Северна и цело време го користеше токму новото уставно име, па дури и ги поправаше своите владини соработници ако не го кажат целото име на државата.

-Република Македонија… Република Северна Македонија, Заев го поправаше Анѓушев кога кажа Република Македонија.

Сепак и Северна и нашата земја ги снемуваше во одредени периоди и стануваа само Македонија, таков беше случајот пред локалните избори во октомври минатата година, кога патриотизмот се разбуди кај тогашниот премиер Зоран Заев.

-Мајко Македонија, говореше Заев во кампања пред избори.

Во набојот на патриотизам во истата кампања беше искористена и една од најубавите македонски патриотски песни „За многу години Македонци“. Наместо нашата земја и нашиот народ, во таа песна се зборовите Македонија и Македонци, а  додека беа пеени стихови со овие зборови, главен во кадарот беше Заев.

Република Македонија по еден неуспешен референдум, со гласање во Собранието стана Република Северна Македонија, а потоа со текот на времето и се почесто стануваше нашата земја во моменти кога дури и власта не сакаше да ја споменува Северна.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста