Националното стана партиско: Власта и Ковачевски со автобуси си направија само своја прослава во Крушево

Партиски автобуси го наполнија Крушево, според многумина власта си ја приватизирала прославата на најголемиот македонски празник. Сомнежите за вакво нешто се зголемени со самото тоа што дури и функционери од власта се фалеа со фотографии полни автобуси, како патуват накај Крушево. Еден од нив е и Дарио Николовски, директорот на Агенцијата за енергетика.

Партиската нота на она што да требаше да биде национален собир, ја покажуваат и она што личеше на порачани аплаузи и свирежи. Аплаузите за власта, свирежите за опозицијата.

Дека власта си организирала прослава само за себе покажува и кордонот полиција кој стоеше меѓу обичните луѓе, едните со европски знаменца кои се симнаа од автобусите, другите кои пееја патриотски песни.

За партиска прослава обвини и опозицијата директно од Мечкин Камен, поради што одлучија да не учествуваат на овој како што го нарекоа партиски хепенинг на Ковачевски.

-За жал СДСМ не успеа да се надмине себе, донесоа тука исклучиво партиски активисти, кој што рано утрото од пет часот ги носат со автобусот, со наредба да ја расипат манифестацијата. На сите кои што не се членови на СДСМ им било забрането да пристапат тука, вклучително и на бројни членови на ВМРО-ДПМНЕ им е забрането да пристапат тука. Заради ваквото партиско и политичко однесување, ние сега ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот, бидејќи очигледно ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ нема да учествуваме, изјави Николоски.

А во јавноста се појавија и СМС пораки, за кои се тврди дека со пратиските организации на СДСМ, каде што се известува дека организирано ќе се замине со автобуси на партиска прослава.

И покрај големата организација и големиот број автобуси, сепак впечатокот кај речиси сите беше дека власта не успеала да ја постигне својата цел и да го наполни Крушево, со цел да претстават голема поддршка за себе.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста